Диети

Ослабете брзо со помош на кефир

Реклама
Реклама

Диетата со кефир е многу популарна диета за брза слабеење.

Маркетинг

Постојат повеќе варијанти на диетата со кефир кои се разликуваат по додатните намирници, времетраењето, како и по бројот на килограми кои ќе се загубат доколку се придржувате на нив. Најдобри резултати се постигнуваат доколку користите домашен кефир. Доколку досега не сте правеле, на интернет можете да најдете бројни рецепти за негова подготовка.

Кефирот е многу полезен млечен производ кој се користи и како превентива од болести, но и како дел од терапијата за справување со болестите. Вистинскиот домашен кефир има бројни позитивни влијанија врз целокупниот организам: влијае полезно на циркулацијата и ги смирува нервите, помага за правилна работа на цревата, ја подмладува кожата и ја подобрува состојбата на косата и ноктите. Кефирот е богат со витамини и минерали, а има ниска содржина на јаглени хидрати. Токму поради тоа, исхраната заснована на кефир овозможува брзо да се изгубат несаканите килограми, а притоа и да се подобри здравствената состојба.

Кефир диета – Диета како да не сте на диета

Маркетинг

Оваа диета трае само 3 дена во текот на кои можете да изгубите 2 килограми.

Појадок
Предлог 1: кајгана од 2 јајца, салата од една помала краставица, кафе со лажица млеко
Предлог 2: гриз или палента и кисело млеко
Предлог 3: јајце, 1 тост со путер, чај со мед.

Ужина
3 дл. домашен кефир

Ручек
Предлог 1: пилешка супа, варен морков и бело пилешко месо (100 гр.), салата од цвекло, парче леб
Предлог 2: чорба од печурки, паприкаш (3 дл.) и салата од свежа зелка 

Ужина
3 дл. домашен кефир

Вечера
Предлог 1: риба на жар (150 гр.), зелена салата и растителен чај
Предлог 2: еден поголем печен компир, чај со мед

Диета со кефир и овошје– одлична за детоксикација

Во текот на денот треба да испиете 1,5-2 л. кефир од немасно млеко и да јадете само овошје и зеленчук (може и малку термички обработено) во доволни количини да не се чувствувате гладни. Со оваа диета можете да изгубите 2-3 кг. за три дена.

Диета со кефир и јаболка – тешка диета за подготовка за новата сезона

Диетата со кефир и јаболка трае 7 дена во текот на кои можете да изгубите и до 6 килограми. Во текот на диетата не јадете ништо освен јаболка и кефир и тоа наизменично, еден ден на кефир, па еден ден на јаболка. Можете да испиете најмногу до 1,5 л. кефир или да изедете 1,5 кг. јаболка дневно. Ова е прилично строга диета која се препорачува само на 100% здрави луѓе и тоа не во зимниот период туку најдобро на преминот од едно годишно време во друго, на пример пролет-лето или лето-есен.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button