Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Биковите од сите хороскопски знаци делуваат најстудено, но под таквата маска се крие прекрасна и нежна личност

Реклама

Да, тие однапред знаат како да решат некој проблем, но ништо не започнуваат додека не поразговараат со своите пријатели, барем 16 часа. Секако, зборуваме за Биковите!

Луѓето за нив мислат дека се вистински песимисти, но тие само се реалисти. Можеби не ја гледаат чашата како полу полна, но затоа се свесни дека им недостига вода и дека наскоро треба да ја надополнат. Овие личности не разбираат зошто некои луѓе се перфекционсти, затоа што ним им е сосема добро, иако не се совршени.

Маркетинг

На Биковите не им е важно само да отидат на некоја забава и да седат таму без разлика на околностите. Ним им е важно да го извлечат максимумот од таа ситуација! И да останат дома би им било супер, затоа што знаат како максимално да се опуштат и да уживаат.

Луѓето понекогаш не можат да сфатат како Биковите може да бидат толку независни. Ним не им е потребен никој, одлично функционираат и самите со себе и знаат како да се забавуваат. На прв поглед за нив може да се каже дека се ладни личности, меѓутоа, под таа нивна маска се крие една прекрасна, топла и нежна личност.

Маркетинг

Од сите хороскопски знаци, можеби Биковите делуваат ладно, како ништо да не може да допре до нив. Меѓутоа, нивните пријатели знаат колку љубов и топлина се крие во срцето на еден Бик. Тие се одлични другари и во секој момент можете да ги замолите за некоја услуга. Пари, разговор, облека, време… на своите пријатели им даваат буквално што ќе им биде потребно!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button