Овие чевли чинат само 2290 денари, а ги носи и најголемата модна икона на денешницата
Алекса Чанг го обожава овој модел
Познатата стилистка и модна блогерка, Алекса Чанг, и покрај тоа што може да ги носи најпознатите дизајнерски имиња, многу често избира и парчиња од познатите хај стрит брендови. И откако ќе ги прошета низ улиците, тие не ретко стануваат маст-хев за многу девојки. Овој пат тоа се еден пар црвени чевли со ременчиња и со етикета од шпанскиот бренд Зара кои можат да се најдат за само 30 фунти и кои ги носи постојано, веќе повеќе од шест месеци. Па така во јуни ја видовме како ги носеше за време на снимањето на кампањата за нејзините фармерки од колекцијата за оваа есен и зима, а ги носеше и претходната недела во комбинација со интересно сако и црни фармерки кои исто така се хит оваа сезона.
Високи потпетици со кои ќе предизвикате внимание каде и да се појавите >>
За жал, црвениот пар повеќе не е достапен во онлајн продавницата на Зара, а ние ги побаравме и во продавницата во Скопје Сити мол, но и таму не можевме да ги најдеме! Но затоа пак, тука е нивната верзија во црна боја која исто така изгледа мошне кул.
Како да носите чизми над колена >>
Па, дали ви се допаѓаат?
Црните фармерки повторно се во мода – еве како да ги носиме >>