Диети

Ви ја претставуваме диетата 4:3. Не, не, не се шегуваме, ОВА е новата 5:2 диета!

Реклама
Реклама

Сите веќе сте слушнале за диетата 5:2 која за кратко време стана многу популарна. Сега ви ја претставуваме диетата 4:3 која е многу слична на неа.

Маркетинг

Откако диетата 5:2 постигна светска слава, на сцената се појави нова диета, многу слична на неа, која настојува да и го заземе местото на тронот.

Правила на диетата

За разлика од диетата 5:2, која предвидува 2 дена да се воздржувате од храна, односно да јадете лесни оброци (жените до 500 калории, мажите до 600), додека останатите 5 дена можете да јадете нормално, диетата 4:3 се заснова на друг принцип – еден ден јадете што сакате, а следниот ден постите, односно сте на диета. Суштината на диетата е токму тоа, наизменично повторување на еден ден јадење и еден ден постење.

Маркетинг

Како треба да ја држите диетата

Докторката Криста Варди и Бил Готлиб кои заедно ја напишаа книгата „Диета за секој втор ден“ објаснуваат дека диетата е многу едноставна.

Според нивните совети, во деновите за пост треба да:

1. Изедете 400 калории месо и 100 калории грицки
2. Пиете многу вода
3. Пиете чај или кафе без шеќер
4. Џвакате гуми за џвакање (без шеќер)
5. Ако не сакате да готвите, јадете повеќе сиров зеленчук или определете се за јадења кои се подготвуваат брзо и лесно

Во нормалните денови:

Авторите на книгата советуваат во нормалните денови да јадете храна богата со протеини и масти, и да избегнувате благо.

Придобивки од диетата

Студиите покажале дека ова е прилично здрава диета која дава добри резултати, овозможува да се регулира метаболизмот и да се изгубат вишокот килограми. Секако, сето ова ќе се случи побрзо ако дополнително вежбате и сте физички активни. Една американска студија покажа дека со оваа диета можат да се загубат 5-6 килограми, и дека се губи салото, а не мускулната маса. Оваа диета исто така се покажала како добра за луѓето што имаат висок крвен притисок.

Позитивни резултати по завршувањето на диетата

1.  Позитивно влијае на здравјето.
2.  Кога постите ќе се научите да препознаете кога сте навистина гладни така што и во нормалните денови ќе јадете само кога сте навистина гладни и ќе избегнете прејадување и грицкање меѓу оброците.
3. Самата помисла дека утре ќе можете да јадете што сакате ќе ви даде мотивација да се придржувате на ограничените 500 калории во деновите на пост.
4.  Храната богата со протеини го урамнотежува нивото на шеќер во крвта.
5. Храната богата со масни киселини како маслиново масло, кикиритки, бадеми, рибино масло и сл. исто така го регулира нивото на шеќер во крвта.

Доколку сакате да се потсетите на диетата 5:2 кликнете тука »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button