C-THRU Tender Love е креиран за самоуверени и атрактивни дами кои се енергични и весели, но истовремено и софистицрани и креативни во градењето на својот моден стил.
Производите имаат уникатен изглед во светли бои во кои доминираат нежни пастелни нијанси инспирирани од есенските модни трендови, додека самиот мирис буди самодоверба и енергичност одлично спакувани во амбалажа која го поседува гламурот на дизајнерските модни брендови, но по многу попристапни цени. Tender Love е свеж и женствен мирис кој се отвара со мирисот на сочна круша, измешан со свежата мандарина и енергичниот бергамот, додека средишната нота претставува одличен спој на темјанушка, јасмин и лотосов цвет. Базата содржи фини нијанси на мошус, јантар и ванила, кои заедно ја создаваат магичната аура на модерните дами вљубени во градскиот живот и модата. Неговата харизма маѓепсува и ги трансформира урбаните подрачја во места исполнети со љубов, бои и мириси, а дамите ги претвора во современи стилски хероини полни со животна радост и оптимизам.
Па, дали сакате да ги пробате овие производи? Доколку вашиот одговор е позитивен ве повикуваме да се приклучите на наградниот конкурс „Make a Statement“ кој го организира брендот C-THRU на социјалните мрежи во Македонија и преку кој, покрај производите, ќе можете да добиете и вредносен ваучер во вредност од 8000 денари кој можете да го искористите за шопинг во продавницата на Зара. Повеќе информации за конкурсот, како и за правилата како да дојдете до овие подароци побарајте тука или кликнете на следниот линк.
# MAKE A STATEMENT » |