Најверојатно веќе сте го забележале и вие …
Сите жени кои планираат наскоро да застанат на лудиот камен, но и оние кои сега за сега само сонуваат за тоа, можеби веќе го забележале овој преубав невестински фустан на социјалните мрежи како што се Инстаграм и Пинтерест. Станува збор за раскошна венчаница со отворен грб кој е зачинет со преубави бели цветови и златни детали, со благо деколте, а манекенката која го носи едноставно изгледа фантастично во него.
Невестински фустани наменети за модерни девојки >>
Најверојатно токму и затоа оваа фотографија доби толкаво внимание во јавноста, а ако се прашувате каде можете да го набавите истиот, проверете на следниот линк. Станува збор за познатата интернет продавница Lurelly.com, која покрај невестински фустани нуди и голем избор на фустани, здолништа, долна облека, костими за капење и слично. Единствениот проблем можеби е тоа што овој фустан е 1200 долари, што и не е така „интересна“ сума, особено НЕ за нешто што треба да го платите преку интернет, па дури и да сте 100 % сигурни дека и во реалноста изгледа токму онака како и на сликата.
Фустани кои секоја невеста би сакала да ги има во својот плакар >>
Но тоа не значи дека не треба да се појавите со овие фотографии кај вашиот дизајнер и да побарате да ви направи нешто слично.
Се согласувате, нели?
Неколку прекрасни фустани за гостинки на свадба >>