Според статистичките податоци на ФБИ, хороскопот се ’вмешал’ и во криминалот. Но, ќе се изненадите од нивната ранг листа на најчести криминалци !
прва
Овенот е вооружен
Според статистичките податоци на ФБИ, припадниците на овој знак поседуваат најмногу оружје. Ако се бават со криминални активности, најверојатно тоа го прават по договор, односно други ги плаќаат за тоа, без разлика дали собираат долгови, дали се уценувачи или платени убијци.
Бикот работи за пари
Биковите се вториот знак на списокот со најголеми криминални тенденции. Обично се вплектани во активности кои носат големи пари, без разлика дали станува збор за перење пари или кражба на луксузни предмети. Најчесто работат сами, за да го намалат ризикот да бидат фатени, а со својот плен не се фалат никому. Ако ги фатат на дело, ќе се покаат, со надеж дека ќе добијат милост велејќи: „едноставно не можев да одолеам.“
Близнаците се измамници
Припадниците на овој знак се немирни во секојдневниот живот, но според статистичките податоци на ФБИ се на самото дно по бројот на уапсени. Ако се бават со криминал, тогаш најчесто станува збор за разни ’комбинации’ и измами. Тие не се од оној ков на луѓе што одат наоколу и со пиштол им се закануваат на луѓето, туку нивното оружје се лажните ветувања. Кога ќе ги фатат, со сите сили се обидуваат да се спасат, па макар тоа да е и откривање на имињата на соучесниците или сè што може да им помогне. Не е за изненадување ако тогаш лажат.
Најмногу криминалци има меѓу Раковите
Според ФБИ, најголемиот број криминалци се родени токму во овој знак. Тие се склони кон насилството во моменти на целосно психолошко растројство, а најчесто станува збор за убиства од страст или одмазда и киднапирања. Бидејќи тешко го контролираат својот темперамент, Раковите се први кои ќе го убијат својот шеф поради отказ. Откако ќе бидат фатени, делуваат изгубено, макар што и понатаму мислат дека нивните жртви тоа го ’заслужиле’.
Лавовите се внимателни
Меѓу припадниците на огнени знаци, Лавовите се најмалку склони кон криминални активности. Ако тие се вклучат во такви, тоа ќе биде внимателно разработено. Поради тоа Лавовите како криминалци се многу опасни и ладнокрвни. Тие нема да се впуштат во ситни прекршоци, како кражба, туку ако ја ризикуваат својата слобода тогаш тоа го прават поради голема добивка или слава.
Девиците најчесто ги фаќаат
После Овните, припадниците на овој знак се втори по носење или поседување оружје. Како и другите припадници на земјените знаци, најмногу се склони кон финансиски измами. Тие, исто така може да бидат и провалници и хакери, но, генерално, големи се шансите да бидат фатени и покрај добри разработените планови. Остануваат шокирани од фактот дека се откриени, па брзо сè признаваат.
Вагите се мајстори за корупција
Во споредба со другите воздушни знаци, Вагите во своите редови имаат најмногу криминалци. Вклучени се во непотизам, корупција и разни местенки, а специјалност им е стопанскиот криминал. Многу се внимателни и лесно ’баратаат’ со своите соработници, со луѓето на кои тие им даваат мито или од кои примаат. Пуштаат ’пипала’ на сите страни и секаде имаат врски, па често се извлекуваат дури и ако ги откријат.
Шкорпиите се платени убијци
Шкорпиите се дури деветти на листата најчести криминалци на ФБИ. Меѓутоа, ако го погледнеме просекот на сериски убијци и психопати, нив ги има најмногу меѓу Шкорпиите. Тие во криминалот влегуваат без милост, што ги прави идеални за платени убијци, а на злочин често ги наведува љубомората или повреденото его.
Стрелците најмногу одат во затвор
Стрелците се трети на листата на уапсени криминалци, но најчесто добиваат казна затвор. Вклучени се во разни измами, ама учествуваат и во грабежи и се многу вешти лопови. Интересен е фактот дека Стрелците многу ретко ги повредуваат своите жртви, што говори дека во криминалот учествуваат исклучително заради финансиска корист, или дури потреба.
Јарците се во организираниот криминал
Припадниците на овој знак се многу снаодливи и се сестрани криминалци. Како и во другите области на животот, Јарците се многу амбициозни, па и во криминалот ’пукаат високо’. Најмногу се склони кон финансискиот криминал и повеќето од уапсените од редовите на организираниот криминал се токму Јарци. Добро ги прикриваат своите траги и за валкани работи користат туѓи услуги, а кога се откриени, бегаат од законот.
Водолиите се хакери
Оригиналните и досетливи Водолии и не се некои големи криминалци. Според статистичките податоци на ФБИ, се наоѓаат дури на 11-то место според бројот на апсења. Меѓутоа, доколку се впуштат во криминал, најголеми се шансите да станат хакери или лидери на група со чија помош ќе извлекуваат пари и ќе стекнуваат моќ. На криминал често ги поттикнува и желбата за одмазда.
Рибите шверцуваат дрога
Припадниците на овој знак најчесто се поврзуваат со трговија на дрога, дилерување или прошверцување. Може да шверцуваат и ретки животни, луѓе или цигари, а нивните злочини се секогаш малку бизарни, па дури и смешни. На листата на криминалци се на осмото место, а кога ќе завршат во затвор, таму дополнително се поврзуваат со криминалното милје и од стини лесно стануваат големи криминалци.
Еве и ја таа фамозна листа на ФБИ за криминалците со нивните хороскопски знаци:
1. Рак
2. Бик
3. Стрелец
4. Овен
5. Јарец
6. Девица
7. Вага
8. Риби
9. Шкорпија
10. Лав
11. Водолија
12. Близнаци
За месечниот хороскоп за јуни, кликнете овде.