Реклама
Хороскоп

Неделен хороскоп за периодот од 31 август – 6 септември, 2015

Реклама

Дознајте што ви порачуваат ѕвездите на полето на љубов, работа и здравје за период од 31 август до 6 септември, 2015 година. Но, не заборавајте дека ништо не е до толку предодредено да не може да се измени со (пре)голема волја!

 

nedelen31avgust5

Маркетинг

Овен (21 март – 20 април)

Изненадувањата оваа недела некако се поврзани со жените. Тие, секако, нема да бидат мали или неважни, туку ќе бидат дел од претстојната голема промена во вашиот живот и ќе придонесат кон развојот на тековните промени.
Можно изненадување за жените кои се инволвирани во парница или правна институција.
Загриженост може да се појави во врска со патување. Загриженост и за пари/финансиски документ што ги очекувате од далеку, од друго место.
Добри нешта ви претстојат оваа недела, благодарение на активностите и вашите контакти со лица родени во знакот на Овен, Лав или Стрелец.
Среќата ќе ви дојде во многу важен момент за вас.

Маркетинг

Бик (21 април – 20 мај)
Оваа недела ќе се потпрете премногу на момче или млад човек од семејството. Можно е вашата лична посветеност да биде поврзана со негова приватна прослава или успех. Важен настан оваа недела вклучува дете родено во знакот на Рак, Шкорпија или Риби.
Мажите-Бик ќе преземат материјална одговорност како татковци.
Претстои средба со роднини или разговор со нив за работи од финансиска природа. Ќе има решение, споделување или обврзување за што ќе бидат потребни пари. Ќе добиете пари преку вашите семејни врски.
Ќе ви биде мило поради вести од документ што е важен за вашите имотни проблеми или проекти. Можно е да добите награда, подарок или пратка.
nedelen31avgust4

Близнаци (21 мај – 20 јуни)

Нечесност или манипулација на едно лице во знакот на Јарец, Бик или Девица ќе го испровоцира вашето трпение неделава. Веројатно ќе бидете подготвени да се разделите со тоа лице, без оглед на основата на вашите односи: семејни, лични или професионални.
Разговори со лица родени во знакот на Вага, Водолија и Близнаци ќе ве натераат да размислувате за настаните од минатото поврзани со некој вид загуба и нејзините последици. Тоа дефинитивно нема да се однесува на предмети, туку на односи, професионална позиција, интелектуална поврзаност, за работа и друго.
Во ретки случаи, оваа недела ќе минувате низ сериозен професионален проблем кој ќе ве чини губење на работното место, позиција, договор, клиент или партнер….

Рак (21 јуни – 20 јули)
Оваа недела ќе биде емотивно тешко поради различни настани, главно поврзани со вашите роднини. Ќе имате потешкотии во комуникацијата со саканите или често ќе наидувате на отпор или недоразбирање од нивна страна.
Ова е неповолна недела за брак поради потешкотии поврзани со истиот. Жена од вашиот круг на пријатели може да ве запознае со едно лице кое допрва треба да одигра улога во важни настани во домот или семејството. Во претстои настан поврзан со пријател на ваша ќерка или внука.
Ќе очекувате пари, кои ќе бидат поврзани со човек од семејството или од професионалните контакти. Мала добивка за мажите-Рак над 35 години, што нема да дојде како изненадување.

Лав (21 јули – 21 август)

Неочекувани настани поврзани со дете или млад човек може да ве соберат заедно со вашето семејство или пријатели. Вести во врска со идна бременост или породување. Изненадувачка посета/враќање на ваше дете или внук.
Конфликт со едно лице кое ќе манифестира суровост и ќе искаже грди, лажни работи кои длабоко ќе ве повредат емотивно. Дали ќе има помирување и простување е тешко да се каже…
Грижа за здравјето на некој близок. Неговата загриженост може да биде во врска со точноста на дијагнозата, соодветен третман или недостаток на дисциплина на болниот.
Домашни проблеми кои некој ќе се обиде да ги сокрие или да ги поткопа.

nedelen31avgust1

Девица (22 август – 22 септември)

Оваа недела ќе дознаете за проблемите на младо лице кое може да е ваша роднина. Веројатноста да му помогнете со нешто во оваа ситуација е премногу мала, но во секој случај со внимание ќе следите што се случува со него. Лоши вести, кои ќе ви бидат пренесени/споделени од машко лице.
На работното место внимавајте на луѓето од огнените или од земјените знаци. Земјените Бик, Девица или Бик може да ве вклучат во непријатна ситуација, додека огнените Овен, Лав или Стрелец може да се покажат различно од она како сте ги замислиле.
Оваа недела очекувајте собирање на семејството или предвидена разделба (како заминување на роднина во друго место и слично.) Ова ќе биде седмица која ќе ви донесе повеќе контакти со роднини кои живеат во други градови или во странство.

Вага (23 септември – 22 октомври)

Оваа седмица можете да ве воодушеви со вести од далеку и од блиску и тие дефинитивно ќе ви донесат финансиски бенефиции, информации за пари или ќе сугерираат зголемување на вашиот приход. Ќе добиете пари на рака или на банкарска сметка од страна на личности во знакот на Вага, Водолија и Близнаци.
Треба да размислувате за пријател од кого животот ве разделил од различни причини. Оваа недела односите може да се обноват, да имате неочекувана средба или друг интересен настан.
Ако оваа недела сте вклучени во судска парница од финансиска природа, очекувајте развој на тешки настани или ќе се случат компликации, доцнење, повторно разгледување на предметот… Оваа недела избегнете потпишување на договори од финансиска природа или земање кредит.

Шкорпија (23 октомври – 22 ноември)

Оваа седмица може да ве изненади со интересно патување или со вести од далеку, кои на некој начин ќе бидат поврзани со претстојни патувања. Во некои случаи, ова може да биде за можна работа во друг град или држава, што е од привремен карактер.
Дејствија на една жена ќе бидат во ваш најголем финансиски интерес. Жените над 35 години може да уживаат во неочекувана добивка од лото, бинго, награда, бонуси и други.
Младите жени ќе се надеваат на љубовни возбудувања. Особено интересен (барем во оваа фаза) развој ќе имаат оние кои излегуваат со лице родено во знакот на Риби, Шкорпија или Рак.

nedelen31avgust2

Стрелец (23 ноември – 21 декември)

Оваа недела ќе имате интересни средби на работното место со менаџери или деловни партнери, клиенти и други. Вашите главни достигнувања токму оваа недела се на работа или во вашиот бизнис, па затоа вложете максимална енергија во тие области.
Љубов или романтичен занес на млада жена треба да биде повод за размислување, дискусии и разговори со неа, но и за неа со други.
Пазете се од недостаток на искреност и чесност кон вас од страна на машко лице родено во знак на Водолија, Вага и Близнаци. Сам по себе, човекот нема да е лоша личност, но за вас, ништо добро не може да се очекува од него.

Јарец (22 декември – 20 јануари)
Оваа недела може да ви биде предизвик во однос на домаќинството и домашните проблеми во врска со автомобил или друга опрема. Може да имате проблеми со момче или млад човек, кој може да биде коренот на овие проблеми за вас. Ова може да биде неповолно недела за купување опрема и други лични предмети.
Ако имате судски случај оваа недела, очекувањата ќе се одложат и вие треба да го сфатите ова пред време. Не треба да се лутите сега и не лутете се на некој друг.
Може да минувате низ моменти на тага и иритација поврзани со вашата кревка физичка, ментална и емоционална состојба во моментот. Најдете време да се вклучите во пријатни и корисни работи, така што неделава ќе биде полесна и попозитивна за вас.
nedelen31avgust3

Водолија (21 јануари – 19 февруари)

Оваа недела, ќе се вклучите во повеќе активности поврзани со деца или внуци. Особено важни ќе бидат обврските ако тие се родени во знакот на Лав, Овен или Стрелец. Може да доживеете блага паника за мал проблем или за глупост на дете. Неделава ќе биде позитивна за патување и секакви активности, за контакти со луѓе од други места.
Неочекувана среќа може да се појави поврзана со патување или ново познанство со лице од далеку. Интересни настани на патување ќе бидат поврзани со лица родени во знакот на Риби, Шкорпија и Рак.
Следете ги вестите и предлозите од пријател кој ќе ви даде важни и корисни информации. Оваа недела може да вклучи подинамична преписка или телефонски повици со жена од друго место, најверојатно поради документ, договор или друга спогодба.

Риби (20 февруари – 20 март)
Разделбата со лице во знакот на Девица, Бик или Јарец ќе испадне неочекувано добра за вас. На пример, може да започнете нова фаза од вашиот живот со нови надежи и очекувања за успех и подобра стабилност.
Оваа недела, поголемиот дел од вас може да очекувате пари во домот – и преку работа и преку други аранжмани или врски. Трошоците за домот планирани за промена или реновирање ќе се покажат како корисни.
Неочекувани вести во однос на разделба во семејството или развод. Исто така, можно е одложување на вердиба или свадба поради различни причини.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button