Реклама
Хороскоп

Неделен хороскоп: Близнаците ги очекува ново познанство, а Лавовите поволен период за освојување

Реклама

Хороскоп од 31.07 – 06.08.2017 година!

hn2 cr

ОВЕН (21 март – 20 април)

Маркетинг

Работа

Маркетинг

Со Меркур, кој е во вашето поле на секојдневните работни обврски, оваа недела е идеално време да прифатите некои деловни предизвици. Генерално гледано, вие имате иницијатива и единствено треба да водите сметка да не реагирате неадекватно во некои ситуации.Љубов

Љубов

Ако сте слободни, бидете отворени за нови контакти и познанства. Имено, вие ќе доживеете љубовни средби тогаш кога ниту малку не очекувате, ниту се надевате.

Здравје

Младите Овени препорачливо е повеќе време да поминуваат во физички и спортски активности. Овој период тоа ви е од особено значење. Што се однесува до постарите, внимавајте со срцевите болести.

 

БИК (21 април – 20 мај)

Работа

Ништо не е чудно на почетокот на неделата да ве дочека изненадување поврзано со работниот сегмент. Тоа може да биде понуда за соработка или можност за започнување со работа, за оние кои не се вработени. Што и да е, прифатете го предизвикот, затоа што тешко е дека во блиско време ќе ви се повтори оваа шанса.

Љубов

Биковите ги очекува можност да започнат нешто што за нив не е својствено, односно да се препуштат на некој момент и да уживаат, како да не постои утрешниот ден. Свесно ќе ја занемарувате љубомората на вашиот партнер и ќе се трудите во секој момент да се согласувате.

Здравје

Неделата е добра за започнување годишен одмор. Доколку не сте во можност за такво нешто, обидете се барем да бидете физички активни, да шетате, да пливате….

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)

Работа

Вашиот владетел е во знакот Девица, а Венера оваа седмица влегува во полето кое се врзува за работата и финансиите. Во превод: Ова е поволен период да го средите својот деловен, но и финансиски сегмент.Љубов

Љубов

Ново познанство може да направи да се чувствувате весело, а ќе почувствувате и пеперутки во стомакот. Слободните Близнаци може да се заљубат преку ноќ.

Здравје

Постарите припадници на овој знак би требало да променат нешто во начинот на исхрана, затоа што може да имаат мали проблеми со варењето. Младите Близнаци се чувствуваат одлично.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2 3 4Следна страница

Поврзано

Back to top button