И првата дама на Америка ги обожава овие патики
Најпознатата Словенка на светот, Меланија Трамп, ги изненади сите кога за денот на благодарноста во Флорида се појави во едно од најскромните изданија досега. Таа за оваа пригода одлучи да игра на картата на скромноста, избирајќи розово-бела кошула со „гингам“ дезен од „J.Crew“ каква што носеше и поранешната прва дама, Мишел Обама.
Како и познатите дами од кралскиот двор, кои не гледаат проблем во модното рециклирање, споменатата кошула, која што се продава околу 50 евра, Меланија ја носеше и ова лето. Таа тогаш ги изненади сите со розовата комбинација од глава до пети, за разлика од сега, кога при посетата на припадниците на американската крајбрежна стража во Флорида ја носеше во комбинација со црни фармерки и култните старки во сина боја.
Па, дали ви се допаѓа Меланија во ова едноставно, скромно издание?