Научниците предупредуваат дека оваа намирница предизвикува рак – ја внесуваме секој ден, посебно вегетаријанците, луѓето што постат или пак се алергични на млеко
Ниту едно животно не сака да јаде соја, што самото по себе зборува многу за нејзиниот состав.
Најпрво извештаите на научниците и фондациите нагласуваа колку е важна сојата за намалување на ракот на дојка. Но, во меѓувреме, бројни студии го покажаа токму спротивното – дека сојата всушност го забрзува развојот на рак на дојка.
Кинезите не јадат соја, иако јадат леќа, бидејќи сојата содржи големи количини на природни токсини или „антинутриенти”. Првите се силни ензимски инхибитори кои го блокираат делувањето на трипсинот и други ензими потребни за варењето на протеините. Овие инхибитори се големи, завиткани протеини кои што не активираат целосно во текот на готвењето. Тие можат да предизвикаат сериозни проблеми со желудникот, намалено варење на протеините и хроничен недостаток на аминокиселини. При тестирањето кај животни, храната која содржи високо ниво на инхибиторот трипсин предизвика патолошки состојби на панкреасот, па дури и рак.
Го забрзува формирањето на рак на дојка
Истражувачите во центарот за рак Мемориал Слоун Кетеринг споредиле ткива на тумори пред и по едномесечно консумирање на соја во исхраната во однос на контролната група која примала плацебо. Откриле промени во изразувањето на одредени гени кои го забрзуваат растот на клетките кај оние жени кои земале соја. Откритието довело до заклучок дека протеините од сојата можат да го забрзаат развојот на болеста. Во студијата се нагласува дека според добиените резултати, сојата има стимулирачки ефект на ракот на дојка кај жените.
Илјадници жени денес консумираат соја бидејќи веруваат дека ќе ги заштити од рак на дојката. Меѓутоа, во 1996 година, истражувачите откриле дека жените кои консумираат изолиран протеин на соја имаат поголема шанса за развој на епителна хиперплазија, состојба која укажува на малигнитет. Една година подоцна, беше откриено дека диеталниот генистеин го стимулира растот на клетките на дојката, што ги доведе авторите до заклучок дека жените не треба да консумираат производи од соја за да се спречи ракот на дојка.
„Не е точно дека сојата го спречува ракот на дојка”, вели д-р Кајла Т. Даниел. „Бројни студии покажаа дека сојата придонесува, па дури и го забрзува растот на клетките на ракот.”
Сите жени кои учествувале во оваа студија потоа имале биопсија на дојка и се дијагностицирани со рак на дојка во прва или втора фаза. На сите им е закажана мастектомија или лумпектомија за две до три недели. Истражувачите велат дека не знаат дали ефектите се реверзибилни.
Вегетаријанците се изложени на поголем ризик
Кај неколку од жените со високо ниво на генистеин се забележани промени во одредена низа на гените кои влијаат на растот на клетките на ракот на дојка, смрт или некој друг аспект на патологија на рак на дојка, вели д-р Жаклина Бромберг, коавторка на студијата. Промените се забележани кај жени кои консумирале околу 51,6 грама соја (во форма на млеко од соја) на ден.
Истражувачите заклучиле дека оние кои редовно јадат соја внесуваат приближно иста количина секој ден, особено вегетаријанците и лицата кои не јадат млечни производи. Особено ранливи се луѓето кои живеат во азиските земји, бидејќи јадат големи количини на тофу.
Едно истражување од 1998 година покажа дека во Јапонија во просек се консумира околу 7-8 грама протеин од соја, помалку од две лажички, додека во САД се консумира даелу поголема количина.
Генетски модифицирана соја
Секоја намирница која содржи соја има 93% веројатност дека е ГМО, доколку не е јасно наведено дека е органски произведена. Сепак, веќе не може да и се верува и на органски одгледаната соја бидејќи самата по севе сојата е многу проблематично култура. Министерството за земјоделство на САД во 2011 откри заговор за увоз на соја со лажни органски сертификати од добавувач од Кина. Кинескатата компанија го фалсификувала сертификатот и се обидела да продаде неоргански култури како органски. Вакви работи се случуваат постојано, но за жал само мал број од нив се откриваат. Дури домашната органска соја сега се тестира за присуство на ГМО. Исто така, тоа што сојата е органска не ја намалува штетноста на нејзината содржина.
Сојата е најчесто неферментирана
Фитатите во неферментираните производи од соја всушност ја спречуваат апсорпцијата на протеините и четири клучни минерали: калциум, магнезиум, железо и цинк. Во својата природна форма, сојата содржи фитохемикалии со токсични ефекти врз човечкото тело. Трите главни антинутриенти се фитатите, ензимските инхибитори и гоитрогените. Тие претставуваат природен начин за заштита на растението, што му овозможуваат ефикасно да се размножува. Тие ја штитат од сончевото зрачење, напади на бактерии, вируси и габи. Затоа животните и не јадат соја.
Сите растенија имаат некакви антинутриентни својства, но сојата е особено богата со овие хемикалии. Ако тие не се отстранат со долготрајна обработка која вклучува ферментација или потопување, сојата претставува најлоша храна што може да се јаде. Најголемиот дел од сојата (99%) која се продава во форма на млеко од соја е неферментирана соја и според тоа многу опасна.
Неферментираната соја се поврзува со дигестивни проблеми, проблеми со имунолошкиот систем, ПМС, ендометриоза, репродуктивни проблеми, алергии, АДД и АДХД синдроми, зголемен ризик од срцеви заболувања, рак и губење на либидото.
Ферментираните облици на соја како нато, мисо, темпех и други ферментирани тофу сирења се веројатно единствените облици на соја која луѓето смеат да ја консумираат и тоа само во случај ако не се ГМО.
Кога се внесува храна, дигестивните ензими како што амилазите, липазите и протеазите се излачуваат во дигестивниот тракт каде помагаат во разлагањето на храната и ослободувањето на хранливи материи во телото. Високата содржина на ензимски инхибитори во неферментираната соја го попречува овој процес и го оневозможува целосното варење на јаглените хидрати и протеините од сојата.
Извор: webtribune.rs