Каде масата се ниша, во тој дом жената го има главниот збор, скршена чаша навестува среќа… народни верувања
Постои голем број на непишани правила кои се однесуваат на работите кои можат да донесат несреќа или среќа.
Во зависност од тоа колку сте суеверни, ќе се водите по одредени „прописи“. Следуваат некои народни верувања во кои повеќето луѓе, сакале да признаат или не, сепак веруваат.
Каде масата се ниша, во тој дом жената го има главниот збор.
Не оставај неиспиен пијалок на гости, така им оставаш расправија во домот.
Кога ластовица ќе направи гнездо на кровот од куќата, во тој дом ќе дојде мир и спокој.
Тоа што ќе го сонуваш првата ноќ во нов стан, ќе ти се исполни. Исто така, кога прв пат ќе спиеш во туѓ кревет,запомни што си сонувал, ќе ти се исполни.
Доколку уште рано наутро ти се случи некоја незгода, тој ден не започнувај ништо важно.
Кога гостинот си заминува од домот, а при тоа воопшто да не седнал, се верува дека го однел мирот од домот. Исто така, каде што има женски деца, гостот треба да седне барем на пет минути
Скршена чаша- доколку во домот ви се скрши чаша, тоа навестува среќа.
Кога прв пат земате бебе во рака, замислете желба. Во рок од година дена ќе ви се исполни.
Јајце со две жолчки значи дека наскоро некој ќе се венча, црни точки на жолчката се лош знак, додека јајце без жолчка преставува неверојатно лош знак и голема несреќа
Доколку девојка му подари часовник на момчето или обратно, за нив времето ќе застане- им следува раскинување.