Реклама
Нега и здравје

Направите свој шампон брзо, едноставно и евтино!

Реклама

Некои состојки од производите за коса се штетни за нашето здравје, па добар избор е ако понекогаш се свртиме и кон природните производи!

Маркетинг

Понекогаш да го пронајдете вистинскиот шампон кој одговара на вашата коса може да ви претсавува висинтки кошмар. Затоа понекогаш потреебно е да направите свој шампон, кој и не е така сложен за подготовување.

Едноставно, во домашни услови многу брзо можете да „смучкате“ шампон кој ќе одговара на вашата коса и тоа со природни состојки, пишува Today.

Доколку имате сува коса, нмајдобро решение е да посегнете за кокосово масло кое што ја хидратизира косата во само неколку минути, а еве и неколку совети како самите да направите природни шампони.

Маркетинг

Подгответе боца во која ќе ги сместите состојките за вашиот шампон. Помешајте со еднаква колчичина дестилирана вода и течен сапун на природна база. Додадете неколку капки од етерично масло (рузмарин, лаванда). Експериментирајте со додавање и на други состојки – мед, јојоба, алое вера, суви растенија, па дури и пиво.

Регенератор

Да, верувале или не, и регенераторот можете да го направите сами и тоа по своја мера. Динственото нешто што треба да го направите е да го отворете фрижидерот и да се фрлете во потрага по состојки како јогурт, авокадо, банани… Помешајте со малку маслиново или кокосовои масло и додајте малку мед доколку сакате. Можете да додадете и млеко и некои лековите треви кои што ги имате дома.

Шампон за детоксикација на косата

Доколку сакате да имате здрава и убава коса пожелно е еднаш или двапати во месецот да ја измиете со нешто што ќе ја ослободи од трагите од другите производи како што се купените шампони и разно-разни препарати. Промешајте од една до две лажички со топла вода со 1 лажичка содабикарбона и една лажичка јаболков оцет. Нанесете на косата и оставете да делува неколку минути.

Маска за коса

Кокосовото масло можете да го пиете за здрава коса и нокти, но можете и да го нанесте директно на косата. Откако ќе шампонирате, нанесете лажичка по лажичка од маслото на косата, но не блиску до коренот,туку до средината на влакното до врвот и оставете да делува  неколку минути пред миење. Ова можете да го повторите еднаш или два пати во неделата за убави здрава кјоса.

Сув шампон

Сувиот шампон е одличен за кога сте во гужва и немате време да ја миете косата,  но и за впивање на вишок мрснотии. Сега можете да го направите и сами. Земете кокосово млеко во прав, детска пудра, прашок за пециво… Било кој од овие производи можете да го употребите за брз мат изглед на вашата коса која ќе изгледа свежо и измиено.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button