Диети

10 намирници кои ќе ви помогнат да се ослободите од масните наслаги

Реклама
Реклама

Ако сакате да се ослободите од вишокот килограми треба да внесете одредени промени во исхраната. За почеток, внесете ги овие намирници во вашето секојдневно мени и за брзо време ќе забележите дека гардеробата на чуден начин ви се зголемила.

Маркетинг

Во вашата борба со вишокот килограми корисно е да знаете кои намирници го топат салото и помагат во слабеењето. Нема потреба да се изгладнувате или да се зафаќате со строги диети бидејќи тоа секако нема да даде резултати, а штетно е за вашето здравје.

Риба

Општо познато е дека е здраво да се јаде риба, а ако сакате да се задржите на видовите кои ќе ви помогнат во топењето на салото, посебно внимание посветете на лососот и туната. Тие содржат протеини и здрави маснотии кои го помагаат слабеењето. Се препорачува да се јаде риба три пати неделно, најдобро во комбинација со свеж зеленчук.

Маркетинг

Јајца

Иако долго време се водеше дискусија за тоа дека јајцата не се здрави, на крајот се испостави дека таквите тврдења сепак не се точни. Меѓутоа, не треба да се претерува со количините. Јајцата дефинитивно помагаат во согорувањето на маснотиите, поради големата содржина на витаминот Б12, и не ретко се дел од диетите за слабеење. Се препорачува да се јадат 3-4 пати неделно.

Цимет

Циметот е моќен зачин кој многу поволно делува врз здравјето. Сите што сакаат да ослабат треба да го вклучат во исхраната бидејќи меѓу другото го помага слабеењето, го забрзува метаболизмот и го одржува стабилно нивото на шеќер во крвта. Може да се додава во голем број различни јадења и пијалоци, без какви било ограничувања.

Тофу

Иако е карактеристичен елемент на вегетаријанската исхрана, се препорачува да вклучите тофу во исхраната и да не сте вегетаријанец. Посебно ако сакате да ослабите. Содржи многу протеини кои ќе ви помогнат полесно и побрзо да ги согорите маснотиите.

Чили пиперчиња

Ако сте љубители на зачинета храна, тогаш секако во исхраната треба да ги вклучите чили пиперчињата кои докажано помагаат во согорувањето на калории и слабеењето.

Маслиново масло

Мононезаситените масни киселини се добри за здравјето, а исто така и му помагаат на организмот во согорувањето на мастите. Ладно цеденото маслинови масло изобилува со вакви киселини и поради оваа причина треба да претставува неизоставен дел од вашата исхрана.

Кокос

Кокосот е идеална намирница за слабеење. Содржи маснотии кои му помагаат на црниот дроб правилно да функционира, а токму црниот дроб е одговорен за согорувањето на мастите и исфрлањето на отровите од телото. Кокосот има и антивирусни својства и помага во детоксикацијата на организмот. Се препорачува да користите кокосово масло кое можете да го додавате во јадењата, во јогурт или житарки. Доволно се две лажички кокосово масло на ден.

Сирово какао

Сировото какао е одлично за слабеење бидејќи содржи важни минерали како цинк, железо и магнезиум, кои го забрзуваат метаболизмот и даваат енергија. Исто така, какаото го намалува апетитот и претставува одличен начин да ја задоволите желбата за чоколада.

Кељ

Кељот содржи многу хлорофил, магнезиум и железо. Исто така, содржи и голема количина на протеини и помага да се исфрлат отровите од организмот. Иако можеби и нема најдобар вкус, потрудете се да го имате на менито барем еднаш неделно.

Лимон

Лимоновиот сок претставува одличен додаток на најразлични јадења и пијалоци и многу помага во исфрлањето на отровите од телото и согорување на мастите. Богат е со витамин Ц и го подобрува варењето на храната. Започнете го денот со млака вода со лимон и ќе имате чиста кожа и совршена линија!

Извор:zena.hr

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button