Потребно му е внимание и сака да му се докажува љубовта, но секогаш враќа во иста мера.
Тој е во потрага по личност со која ќе го изгради својот дом и со која ќе создаде семејство. Ракот несебично дава но исто толку и бара.
Од сите хороскопски знаци во Зодијакот, кон сигурна врска полна со љубов и доверба тежи најмногу Ракот. Тој нема да биде доволно среќен се додека не оствари длабока емотивна врска, а кога ќе се вљуби размислува на долги патеки.
Кога ќе наиде на проблем во врската не го избегнува туку го решава, бидејќи не сака да дозволи нешто да му застане на патот на љубовта. Не ни помислува за изневера како метода за решавање на проблемите. Но Ракот не е единствен хороскопски знак кој е познат по својата верност, од изневерување се тргаат настрана и Бикот бидејќи е доверлив и бара стабилност. Вагата пак бидејќи има вродена потреба за праведност и чесност, па затоа сака хармонична врска. Девицата бидејќи е чувствителна и традиционална кога се во прашање врските и љубовта и Јарецот кој е трпелив и ќе работи на својата врска колку што е потребно.