Реклама
Кафе муабет

Ве водиме на местото каде го прават најубавиот сладолед во Скопје

Реклама

 

Ви го претставуваме местото со најубавиот сладолед во градот, каде покрај слатките рецептури можете да уживате и во вкусот на убавото италијанско кафе.

Маркетинг

Ах, сладолед, тоа мало, слатко и вкусно задоволство без кое не можеме да замислиме ниту една летна сезона, особено откако живата во термометарот ќе почне да се искачува и до + 40 степени. Па, доколку деновиве се чувствувате прегреано како што се чувствуваме и ние, и доколку сте во потрага по урбано место во кое ќе можете да се разладите, но и да уживате во пријатната атмосфера и во вкусовите, тогаш од сé срце ви препорачуваме да скокнете и да го ѕирнете новото место „Радост“.

Маркетинг

Се наоѓа во строгиот центар на Скопје, во улицата на јапонските цреши, каде „животот мириса на ванила и има вкус на чоколадо“. Местото е рај за вистинските сладокусци бидејќи покрај сладоледите со 30 нијанси на неодоливи додатоци на ова место ќе му се радувате и на вкусниот мирис на доброто италијанско кафе. Но, како што велат добро упатените, тајната се крие во добрата комбинација и мешањето на вкусовите. Па чоколадо или ванила, прашање е сега, а откако ќе го добиете одговорот на ова прашање, продолжете на „корзо“ со вашето ново момче или девојка и не заборавајте дека рандевуто на ова место останува во слатко сеќавање.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button