Трендсетерките ги обожаваат овие дрски чизми
Она што минатата година преставуваше чантата Pierce со потписот на J/W/ Anderson, оваа година тоа се новите необични чизми. Имено станува збор за модел со карактеристична форма и предимензионирани карнери кои се протегаат до врвот на прстите. Прв пат се појавија во понудата на дизајнерот од минатата година, а како растеше интересот за нив, така се појавуваа и нови интересни модели на полиците.
Барате чизми? Изберете ваков модел и нема да погрешите >>
Андерсон во неговата ресорт колекцијата за 2016 престави и високи чизми до колена со карнери, но според фотографиите на познатите модни блогерки и трендсетерки најголема популарност постигнаа моделите до глужд кои се движат од 435 до 655 долари.
Елегантни класични чизми до колена кои се маст-хев за оваа зима >>
НАШ ИЗБОР