Прочитајте како да ја направите шминката која е хит оваа сезона со производите на познатиот козметички бренд Seventeen >>
Најпопуларната шминка од модните писти е извонредно впечатлива и со самото тоа одличен избор за вечерни излегувања, особено кога се во прашање новогодишните забави. Станува збор за преубав вечерен изглед кој што ни го претстави македонската бјути блогерка, Алек Потер, користејќи ги производите од козметичкиот бренд Seventeen. Па, доколку сакате да бидете во чекор со трендовите и да го добиете истиот изглед, но и да видите точно кои производи ги користеше прекрасната Алек, погледнете го видеото што следува на крајот од текстот. И секако, не заборавајте дека оваа сезона зачадените очи (smokey eyes) се повторно една од најпопуларните шминки, а ние ви препорачуваме да ги пробате темно виолетовите нијанси со кои ќе додадете длабочина и интензитет во пределот на очите со што посебно ќе ги истакнете и ќе ги поставите во преден план. Голем хит оваа сезона се секако и темните кармини, особено вамп и готик нијансите кои се на границата помеѓу темно пурпурната и популарната бордо боја и кои истовремено изгледаат шик и гламурозно. Овие популарни нијанси на кармини на секоја жена и даваат посебен и гламурозен елегантен изглед, а Алек во видеото го користи карминот Matte Lasting Lipstick (нијанса No. 42) кој важи за еден од најбараните кармини во Македонија за 2016. Станува збор за кармин со долготраен мат ефект, во модерни нијанси и со заштитен фактор СПФ 15 (види тука). Производот е во елегантно сребрено пакување, не остава траги и е збогатен со масло од манго и јојоба за длабока хидратација и нега на усните.
Ова се најдобрите и најбараните коректори на нашиот пазар според потрошувачите >>
Па доколку сакате да ја „позајмите“ оваа драматична шминка, погледнете го видеото на Александра, а што се однесува до останатиот дел од вашиот стајлинг ве советуваме да комбинирате со шик и провокативно all black издание, со ултра женствен фустан со длабоко деколте и отворени делови или со фустан со цветен дезен во зимски стил. Едноставно додадете го овој впечатлив неодолив зимски гламур и ќе се чувствувате кул и самоуверено и во случај да отидете чекор понатаму и да стапнете надвор од вашата сигурна зона.
{youtube}gKQnF8e9kh0{/youtube}
А зарем сега не е најпогодниот моменет за тоа?!
Топ производ на месецот – камена пудра за беспрекорен тен во студениот зимски период >>
Произвидите кои Александра ги користени во нејзиното видео можете да ги најдете во сите поголеми парфимерии во Македонија, како и на Trgovski.mk.
види повеќе » |