Натписот на оваа маица можеби е еден од најпопуларните натписи досега
Станува збор за обичната бела маица на која со црни букви пишува „We Should All Be Feminists“. Откако се дозна за неа бројни познати и помалку познати дами од целиот свет ја вклопија во своите модни комбинации.
Ние денес ќе ви ја раскажеме приказната која што стои зад неа…
Станува збор за маица на познатата модна куќа Диор.
Идејата е на креативната директорка на брендот Марија Грација Чури која во модната историја нема да остане запаметена само по тоа што е првата жена на таа позиција во последните 70 години туку и поради нејзината прва колекција за Кристијан Диор со која ги воодушеви сите.
Покрај женствените креации кои Марија им ги понуди на дамите од целиот свет, во колекцијата доминираа и маици со феминистички пораки, а меѓу нив најпопуларна е секако маицата за која денес зборуваме. Насловот не е осмислен од креативниот тим на Диор, туку станува збор за наслов на книга на познатата писателка Чимаманда Нгози Адичи која е една од најжестоките борци за женските права во Африка.
Не сум од Скопје, госпоѓице – ова е тренд кој секојдневно добива се повеќе следбеници >>
Само неколку дена по ревијата свој пример набавија бројни познати дами како Ријана, Наталија Портман, Џенифер Хадсон, Кендал Џенер, Џиџи Хадид и Кјара Ферагни, но и помалку познатите модни блогерки од целиот свет.
Погледнете какви маици ќе бидат ИН оваа пролет >>
Но оваа маица има и лоша страна, а тоа е нејзината превисока цена бидејќи за неа треба да издвоите 710 долари. Иако многу дами најверојатно и не размислуваат за прашањето и состојбата за жените на црниот континент, факт е дека оваа маица е дополнителен потег да се насочи вниманието кон општествените проблеми.
Бројни комерцијални бренди исто така во своите колекции претставија памучни маици со силни пораки во овој стил, па доколку сакате да бидете дел од оваа урбана приказна, можете и вие да набавите некоја по поповолна цена.
Маици кои мораме да ги имаме во плакарите оваа пролет >>
види повеќе » |