Реклама
Холивуд

Еве зошто Јулијана, а не Меланија, важи за најдобро облечена Прва дама на светот!

Реклама

Неодамна ви пишувавме за оваа прекрасна дама

Станува збор за првата дама на Аргентина за која во последните неколку недели повеќе се зборува отколку за Меланија Трамп (види тука). И тоа најмногу се однесува за најпознатите модни магазини, нешто што можеме потполно да го разбереме бидејќи оваа дама има прекрасен стил со кој ќе ве освои на прв поглед.

Маркетинг

Оваа Прва дама има многу подобар стил од Меланија Трамп >>

Маркетинг

Јулијана Авада има 41 година и тело на кое можат да и завидуваат многу помлади жени па без проблем може да си ги дозволи креациите кои што најчесто ги носи и кои воглавно доаѓаат од модната куќа Авада која што ја води заедно со нејзината мајка, Елса Бакер. Таа и нејзиниот сопруг, претседателот Маурисио Макри, неодамна беа во посета на Холандија каде се дружеа со кралскиот пар, а посебно внимание привлече со свечената тоалета што ја носеше на еден бал збогатена со скапоцен накит и жолта лента.

Фустанот е збогатен со светкав тил поради што изгледа толку посебно, а Јулијана не воодушеви и со белиот комплет и капут од твид кои што ги носеше само еден ден претходно како и со сличниот комплет во бебешка сина боја кој што го носеше ден после балот.

Егзотична Прва дама со прекрасен стил >>

Оваа згодна прва дама на сиот глас ја фали и модната библија Вог, а веќе ја прогласија и за наследничка на славната Џеки О.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button