Ако сте во потрага по добар коректор за вашиот несесер, тогаш овој текст би можел да ви послужи како добар водич за шопинг.
Radiant, High Coverage Creamy Concealer >>
Не знаеме за вас, но ние веќе некое време не си купуваме козметички производ без да прочитаме рецензија за исиот од потрошувачите. И тоа секако дека ни дава доволно информации за самите производи, односно ни ја откриваат насоката во која треба да се движиме кога одиме во шопинг и кога бараме одреден производ. Секако, понекогаш се случува критиките да се дискутабилни, односно една половина да се задоволни од некој производ, додека друга не, но во таквите ситуации им се припуштаме на интуицијата или едноставно малку подобро го проучуваме составот на производот пред да одлучиме да го купиме.
Коректор – Μatt Concealer Extra Coverage >>
Но од друга страна постојат и такви производи кои добиваат само позитивни критики од потрошувачите. Па така ако деновиве барате коректор кој не е прескап, и кој покрај добрата цена има и висок квалитет, тогаш сигурно ќе ви помогне оваа листа со неколку коректори за кои досега сме прочитале само позитивни мислења. Меѓу нив секако се и нашите омилени – течниот коректор од Seventeen, Μatt Concealer Extra Coverage, како и кремастиот коректор за висока покриеност High Coverage Creamy Concealer од Radiant Professional Makeup.
Рецензија на течниот коректор Matt Concealer Extra Coverage >>
Maybelline Age Rewind
Revlon, PhotoReady
L’Oréal Paris True Match
Кремаст коректор кој ги покрива сите недостатоци >>