Реклама
Хороскоп

Љубовта и ѕвездите – Најдобри астролошки совети како да се смирите со саканиот

Реклама

„Љубов – широко несфатен, а сепак многу пожелен ’дефект’ на срцето, којшто го ослабува мозокот, предизвикува очите да сјаат, образите да горат, крвниот притисок да се зголеми, а усните да се напучат“ – Непозната

Доколку сте се скарале со саканиот, но срцето ви вели дека треба да сте заедно, еве ги најдобрите совети според ѕвездите како да му пријдете! 

Маркетинг

Овен:

Кај Овенот не помага суптилност. Не одете наоколу чекајќи го тој нешто да забележи. Исто така, не вреди да чекате вистински момент за помирување, бидејќи тој многу брзо ќе ’скокне’ во нова врска. Едноставно, кажете му дека се каете, дека сакате да ви опрости и ветете дека тоа нема да се повтори. Потоа, дајте сè од себе да го одржите даденото ветување, бидејќи Овенот не толерира ’скршени’ ветувања. Ако навистина сакате да направите нешто повеќе за партнерот-Овен, тогаш јавно извинете се. На тој начин ем ќе го нахраните неговото его, ем ќе го исполните со среќа.

Маркетинг

Бик:

Најтврдоглавиот знак. Ако сте се скарале околу нешто, прво нешто што мора да направите е да му ставите на знаење дека тој бил во право. Кажете му дека тој од самиот почеток бил сосема во право за тоа и тоа. Знаеме дека ќе ви биде тешко, но сè додека не го сторите тоа, од помирувањето нема ништо. Зацврстете го вашиот план така што ќе му кажете дека сфаќате дека тој е попаметен и дека во иднина ќе го слушате. На овој начин ќе го ослободите од страви и ќе му ветите доминација.

Какви сте во љубовта и сексот според вашата омилена боја

Близнаци:

Испратете му смешно, но интелигентно извинување. Ништо нема да го воодушеви Близнакот како добро срочен хумор. Меѓутоа, ако сте направиле сериозна грешка, ќе треба малку повеќе да се потрудите. И бидете подосетливи! Тој не е тип кој чека телефонот да заѕвони, но ако сакате да ги испеглате работите не смеете да дозволите комуникацијата да прекине. Покажете отвореност и подготвеност за повторно дружење. Не плачете и не бидете хистерични.

Рак:

За да се смирите со Ракот ќе ви треба многу трпение, вкус и такт. Не нагласувајте ја вашата вина и ниту случајно не шегувајте се на негова сметка. Кажете му дека вие, едноставно, не можете да живеете без неговата љубов. Ако тоа не ’запали’, подгответе вечера и сторете сé за да избегнете било каква форма на несогласување. Ракот мора да ја осети, да ја почувствува вашата љубов, па затоа одвоите што повеќе време, внимателно слушајте што ќе ви говори, согласете се со неговите тези. Раковите бавно го менуваат мислењето, така што ова можеби ќе мора да го повторите неколку пати.

Лав:

Комплименти и ласкање ќе ве однесат каде што сакате. Извинете се поради својот ’грев’ и нагласете дека не ја заслужувате неговата љубов. Опсипете го со подароци, а особено со чоколадо и цвеќе. Сторете сé за да покажете дека сте достојни за неговата љубов. И, се разбира, облечете се најубаво што можете. Лавовите се површни. Потребно е само да воочи дека се трудите и дека го сакате најмногу на свет и тој ќе ви пријде вам.

Најосветољубивите жени во хороскопот!

Девица:

За почеток, упристојте се. Девицата не толерира псовки, вулгарности или простачење. Истакнете ја вашата префинетост. На договорениот состанок дојдете точно навреме, средите се, а доколку тој доаѓа кај вас дома, задолжително средете и исчистете го станот. Својата грешка најдобро ќе ја ’исчистите’ ако исчистете сè околу вас. Купете убав подарок, но ниту случајно романтичен или хумористичен. Најдобар избор ќе биде добра книга. Но, немојте ниту да ’давите’, бидејќи Девицата повеќе претпочита логични објаснувања отоколку емотивни ’жалопојки’.

Премини на следна страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button