Реклама
Новости

Пред 20 и кусур години продаваше книги од гаража, а денес е најбогатиот човек на светот!

Реклама

Бил Гејтс не е најбогатиот човек на планетава

На неговото место дојде Џеф Безос, основачот и ЦЕО на Амазон.

Маркетинг

И додека до неодамна во Македонија за најуспешни луѓе во бизнисот важеа Груевски и тајфата околу него (според кафанските муабети), во земјата на бизоните конечно нешто ново. Имено, откако пред неколку дена порасна цената на акциите на Амазон, Безос кој сега е тежок 90 милијарди долари и официјално стана најбогатиот човек, пишува Тајм. Тој го симна од тронот Бил Гејтс кој сега е посиромашен од него за една третина од парите за кои се шушка дека Грујо и бандата ги имаат изнесено од државава, односно за цели 1.4 милијарди долари!

Безос денес има сопственост од 17 отсто од акциите во неговата компанија Амазон чија вредност сега изнесува преку 500 милијади долари. Творецот на Микрософт, Бил Гејтс позицијата на најбогат човек ја држеше до 2013 година.

Маркетинг

Безос го основаше Amazon.com во 1994 година, додека се возеше од Њујорк до Сиетел и по пат го смислуваше деловниот план откако ја слушна веста за огромното зголемување на бројот на корисници на интернет. Неговата работа ја стартуваше во гаража, а денес, како и Гејтс сака да се занимава со хуманитарна работа па на Твитер неодамна бараше поддршка од пријателите како најдобро да го направи тоа.

Тој исто така беше и еден од првите акционери во Гугл. Џеф во 1998 година вложи приватни 250 милиони долари, што резултираше со повеќе од 3.3 милиони акции кога компанијата за прв пат, во 2003 година, се појави на берзата. Иако не открива колку акции има се уште во Гугл, нивната денешна вредност преминува 3.1 милијарди долари.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button