Се прашуваш како вашата љубов тргна во погрешна насока и како сè на крајот заврши така лошо.
Се загледуваш во мобилниот, им пишуваш пораки на другарките кои на крајот ги бришеш. На социјалните мрежи го следиш секое негово движење. Оптоварена си со сè што има врска со него и тоа те убива. Тој веќе не е момчето во кое си се заљубила, не знаеш кога се сменил, но очајно го сакаш назад. Сакаш сè да биде како порано. Сакаш да увиди како неговото однесување е погрешно, но тоа нема да се случи. Тој бара некого на кој ќе може да ја префрли вината, некоj на кој ќе може да ја исфрли својата лутина и проблеми.
За жал, ти не си таа личност. Ти не си коренот на неговите проблеми – тој е. Премногу е тврдоглав за да признае дека не е во право и не сака да се извини.
Момче како него не заслужува девојка како тебе. Сеедно, ти падна на него. Некогаш беше нежен и сладок, се грижеше за тебе.
Еден ден едноставно престана. Без предупредување. Ти сфати дека повеќе не му е важно. Врската стана еднострана.
Ти се обиде да се промениш и да го поправиш она што е скршено. Нему не му било важно и не се ни потрудил. Не ти покажа дека му значиш.
Понекогаш ќе ја покаже својата слатка страна и ти пак паѓаш на него. Тоа те потсетува на старите времиња. Му се враќаш и се надеваш дека сè ќе биде добро.
Додека не почне да те понижува.
Овојпат не можеш да се вратиш. Опасно е и не e здраво.Знаеш дека не те заслужува. Знаеш дека заслужуваш некој на кој ќе му бидеш важна. Фактот дека ќе продолжиш без него е застрашувачки, но мораш да се соочиш со него.
Не враќај му се, убавице. Многу ти е подобро без него.
Похрабра си, посреќна и имаш поголема самодоверба кога си сама.