Модното царство на Иванка Трамп. ќерката на новиот претседател на Америка, Доналд Трамп, во последно време преживува тешки моменти.
Откако беше исфрлана од неколку продавници, вклучувајќи го и престижниот трговски ланец Нордсторм, модниот бенд на Иванка Трамп се наоѓа во сé поголеми проблеми. Или барем тоа така изгледа и покрај тоа што во јавноста се труди да остави беспрекорен впечаток на успешна бизнисменка, сопруга и мајка, но мораше да објави дека се откажува од линијата со луксузен накит, т.е. дека ќе се насочат на понуда на модни додатоци по пристапни цени. „Нашата компанија планира да се ориентира кон продажба на накит по пристапни цени“ објави Ебигејл Клем, директорката на модниот бренд на Иванка не споменувајќи ги „Neiman Marcus“ и другите продавници каде овој бренд повеќе не се продава, пишува nytimes.com.
Бојкотот на нејзиниот бренд кој се појави под називот „Grab Your Wallet“ и зад кој стои активистката Шенон Колтер сепак дава резултати – големите компании како Nordstorm и T.J. Maxx повеќе не ги рекламираат производите со потписот на Иванка Трамп. Дури и портпаролот на Трамп, Кели Ен Конвеј, која медиумите ја нарекуваат најмоќната жена во Америка, се вклучи во кампањата за поддршка на првата ќерка на Америка во нејзиното интервју за Fox News. „Купувајте ги работите од колекцијата на Иванка. Сега сите производи можете да ги најдете и онлајн“, ја искористи Конвеј можноста.
Еве како отфрлената Иванка Трамп го возвраќа ударот
Сепак, од компанијата порачуваат дека вкупната продажба на производите со потписот на Иванка минатата година пораснал за 21 отсто во однос на 2015. Претставниците на нејзиниот бренд објавија и дека оваа година е забележана најголема продажба во историјата на овој бренд. „Најдобро се продава облеката, а потоа следуваат чевлите и чантите. Луксузниот накит е само мал дел од брендот на Иванка“, објаснуваат од нејзиниот тим.
Прочитајте како Иванка Трамп си ги присвои најпопуларните сандали за оваа година >>
Тоа го потврди и Ебигејл Клем која стана директорка откако Доналд Трамп стана претседател и ја вработи својата ќерка како асистентка во државната администрација. „Од почетокот на февруари модната куќа бележи историски добри резултати. Брендот на Иванка најдобро се продава преку интернет во неколку продавници, а во некои модни категории имавме најдобра продажба откако постоиме“ изјави Клем за Refinery29.com
https://www.instagram.com/p/BQgdeywgseS/
Тоа го потврдува и интернет модната платформа Lyst која меѓу другото ја следи и продажбата во продавниците и брендовите кои што ги нудат. Во нивното известување стои дека брендот Иванка Трамп во јануари и февруари ја зголемил својата продажба за 346 отсто.
Иако брендот на Иванка често се споменуваше во медиумите поради откажувањето на соработката со познатите трговски центри, тоа очигледно имаше и позитивен ефект. Инаку, продавницата со накитот на Иванка во 2011 беше преместен од Менхетен во Сохо, но беше затворена пред две години. Нејзината колекција накит покрај луксузните производи вклучува и парчиња накит со цени кои не се поскапи од 100 долари.
Меланија vs Иванка – која фустан ви се допаѓа повеќе?