Реклама
Хороскоп

Млада месечина во знакот Лав: Влијание до 21.08.2017

Реклама

Младата месечина во знакот Лав го означи почетокот на новиот лунарен циклус.

 1 lav

Младата месечина во знакот на Лав го означи почетокот на новиот лунарен циклус. На глобален план, младата месечина во огнениот знак Лав во наредните денови ќе донесе осцилација, несоница, потреба за привлекување внимание и долга пауза при секоја постапка или разговор. Зголемената потреба за екстраваганција и потребата за „тренди“ скапоцени работи во вашиот живот ќе го обележи овој период. Токму овие денови ќе посакате на ѕидот во својата дневна соба да имате склоп од уметнички слики. Некои дами едноставно ќе мораат да ја променат фризурата по пример на моделите од омиленото модно списание, а тоа особено ќе се однесува на некои посветли прамени на косата или пак нагласени шишки. Разубавувањето, односно потребата за убавина генерално ќе биде присутна во секоја сфера на животот, без оглед дали сте машко или женско. Што се однесува до вашиот паричник, ова ќе биде непогоден период. Вам ви се чини дека некои планови стојат во место веќе подолго време, но кога Сатурн ќе ја промени насоката, работите ќе добијат забрзување. Застанете пред огледало, длабоко загледајте се во својот одраз и потрудете се да најдете сила, љубов и верба… па, одеднаш ќе забележите чудо, односно дека вашите планови и цели ќе станат реалност!

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button