Реклама
Хороскоп

Голем месечен хороскоп

Реклама

Прочитајте дали ви се наклонети ѕвездите и што велат астролозите за месец јули …

Месечен хороскоп за Овен: Јули 2015

Маркетинг

Љубов

Ако сте беќар/мома во потрага по партнер, веројатно ќе бидете разочарани поради недостаток на одговор од страна на засегнатото лице. Сепак, при крајот на месецот ќе имате среќа. Брачните двојки, најверојатно, ќе минуваат низ несреќни моменти често, но не грижете се, бидејќи ова е само привремена фаза и ѕвездите наскоро ќе се свртат во ваша корист. Надворешно, пак, и двајцата ќе се претставувате како среќна двојка во општествените кругови и нема да им го откриете внатрешното незадоволство на другите. Оние веќе во врска ќе имаат мирна пловидба и неизмерно ќе уживаат во меѓусебното друштво.

Маркетинг

Пари

На почетокот на месецов веројатно ќе имате зголемени трошоци поради итни домашни потреби. Можни се некои парични добивки што делумно ќе ги компензираат дополнителните трошоци. Сепак, резервите на заштедите сè уште се намалуваат, па се препорачува хонорарен ангажман. При крајот на месецот ѕвездите ќе ви подарат некои убави можности да заработите екстра пари. Ова, во текот на времето, ќе ви помогне да ја зајакнете финансиската состојба на долгорочен план. Инвестирајте ги парите мудро, наместо да ги трошите на непотребни нешта.

Здравје

Одредени пореметувања во дигестивниот систем, како киселост, ќе бидат причина за голема непријатност за некои од вас. Третирајте ги што побрзо за да спречите натамошни компликации. Други, пак, ќе страдаат од упорна кашлица, за што се препорачува да експериментирате со алтернативна медицина, зошто поверојатно ќе доведе до трајни резултати. За повеќето од вас нема големи закани по здравјето. Сепак, добро е да преземете соодветни мерки за зголемување на имунитетот и кондицијата.

Совет на „Штипка“: Целосно искористете ја поволната клима во јули за мали поправки и подобрувања во домаќинството!

Месечен хороскоп за Бик: Јули 2015

Љубов

Ѕвездите не се наклонети кон вљубените птички, ниту кон беќарите/момите во потрага по сродна душа. Ќе се најдат под притисок на семејството да стапат во брак. И брачните двојки нема да имаат хармонични односи со животниот партнер, па дури и најдобронамерните напори од двете страни може да не ги дадат саканите резултати. Агресивниот став на вашиот животен партнер веројатно ќе ве онерасположи и фрустрира. Сепак, не заборавајте дека ова е минлива фаза и дека ве чекаат подобри времиња. Расположете се!

Пари

Веројатно нема да бидете многу задоволни од финансиската позиција и ќе барате и други начини да заработите пари. Ако имате некои врски во странство, ова е добро време да се обидете да ги искористите, без разлика дали сте бизнисмен или професионалец. Меркур би можел да ви помогне да ја подобрите финансиската позиција. Покрај тоа, ќе одлучите да инвестирате разумно за да си ја обезбедите иднината.

Здравје

Со исклучок на некои ситни здравствени проблеми, повеќето од вас ќе уживаат во добра општа здравствена состојба. Сепак, оние кои страдаат од дијабетес или хипертензија, треба да ја следат состојбата редовно, да продолжат со пропишаниот начин на исхрана и да не ги занемаруваат лековите. Исто така, се препорачува да не преземате никаква активноста која може да вклучи физички напор. Покрај тоа, преземете соодветни превентивни мерки да не фатите вирусни инфекции. Средовечните треба да внимаваат да не бидат подложни на преголем стрес на работното место. Освен тоа, доколку сте склони на сезонски болести, бидете екстра внимателни при пореметување на временските прилики.

Совет на „Штипка“: Не кажувајте повеќе отколку што треба и бидете внимателни за она што го пишувате!

Месечен хороскоп за Близнаци: Јули 2015

Љубов 

Беќарите/момите веројатно ќе добијат можност да ги изразат чувствата на саканата личност на некоја општествена функција. Позитивниот одговор најверојатно ќе направи да се чувствувате среќни и возвишено. Ништо возбудливо не се очекува во брачниот живот. Може да станете рамнодушни кон чувствата на брачниот другар, но некако ќе успеете да го задржите мирот и хармонијата во бракот. Нештата ќе се подобрат како што месецот одминува, но ќе треба повторно да ја разгорите искрата одејќи на одмор заедно. Оние во стабилна врска може да бидат наклонети да продолжат до следното ниво – бракот.

Пари
Планетите ќе имаат позитивно влијание врз начинот на кој се справувате со финансиската состојба. Треба да избегнувате да трошите премногу и непотребно на себе или на вашите блиски и сакани. Ќе се размислувате неколку пати пред да потрошите дури и за она што очигледно е потребно. Ќе имате потреба да ги зголемите заштедите, но начинот да го постигнете тоа е хонорарна работа, а не со прибегнување кон ризични шпекулативни активности. Веројатно ќе добиете добра шанса за значителни добивки. Задолжително издвоите одредена сума пари за вашата и за иднината на вашето семејство.

Здравје
Планетите не ви се наклонети на здравствен план, каде ве очекуваат неколку проблеми. Сепак, ниту еден од нив нема да биде многу сериозен, па така не треба да станете нервозни или да се грижите премногу. Мали проблеми, како што се настинка, кашлица или дигестивни проблеми како киселост ќе ве измачува во текот на месецов. Она што треба да направите е да побарате алтернативни лекови за искоренување на причините за овие досадни и упорни проблеми.

Совет на „Штипка“: Користете го умот! Ова е вистинско време за тоа.

Месечен хороскоп за Рак: Јули 2015

Љубов

Почетокот на месецот може да не е премногу поволен за љубов и романса, но нештата ќе се подобрат како што месецот одминува. Беќарите/момите ќе се чувствуваат фрустрирано во потрагата по љубов на почетокот, но најверојатно ќе наидат на сродна душа некаде околу средината на месецов. Истото важи и за брачните двојки, бидејќи ќе го започнат месецот со горчливи замерки, но наскоро ќе почнат да ја ценат гледната точка на брачниот другар. Оние во романтична врска, можеби е време да размислуваат за наредното ниво – брак.

Пари

Планетите ќе ви донесат добри парични добивки во втората половина на месецот. Инвестициите направени порано ќе ви се исплатат сега. Сите овие придобивки ќе ја зајакнат вашата позиција на финансиски план. Дали да обезбедите луксузни удобности за семејството или да ги ре-инвестирате средствата за идна безбедност е одлука што треба да ја донесете многу разумно. Ќе бидете промислени и при трошењето на парите.

Здравје

Ако страдате од хипертензија, треба да бидете многу внимателни за да избегнете стресни ситуации овој месец. Отидете на темелен лекарски преглед. За оние кои страдаат од долготрајни но мали здравствени проблеми, еве добра вест – ќе го најдете вистинскиот лек сега. Иако отпрво ќе бидете сомничави за неговата ефикасност, кога ќе се уверите во неговите позитивни резултати, вашата доверба ќе се зголеми. Други, пак, најверојатно, ќе бидат во добра здравствена состојба. Сепак, не заборавајте да преземете соодветни мерки на претпазливост во случај на непредвидени промени во временските услови.

Совет на „Штипка“: Бидете поорганизирани, забавете малку и анализирајте ги ситуациите подлабоко!

Месечен хороскоп за Лав: Јули 2015

Љубов 

Ќе кипите од енергија и сексапил. Силно ќе тежнеете за друштво со спротивниот пол, па може да уживате во некои интимни моменти со него/неа, но дури кон крајот на месецот. Послушајте ги советите од пријателите и добронамерниците во овој контекст. Ако веќе сте во романтична врска, веројатно ќе имате пријатно време заедно. Оние во врска, како и оние кои во брак, најверојатно ќе бидат повеќе преокупирани за својата работа отколку да уживаат во задоволствата на животот.

Пари

Бидете внимателни со финансиските прашања. Не впуштајте се ниту во некоја шпекулативна активност, без разлика со колку тешка финансиска криза се соочувате. Фокусирајте се на кратење на непотребни трошоци и трпеливо чекајте ѕвездите да се свртат во ваша корист. Повремени парични добивки ќе ве усреќат и, иако скромни, ќе ве мотивираат во текот на целиот месец. Треба да дејствувате со самодоверба и ќе постигнете успех во она што го правите, но слабите финансиски резерви ќе ве натераат да побарате работа со скратено работно време за да заработите екстра пари.

Здравје

Некои мали здравствени проблеми може да се појават кои, ако не се решат веднаш, може да се влошат брзо и да станат многу потешки за справување во подоцнежните фази. Треба да останете будни за вирусни инфекции или во спротивно може да фатите треска и може ќе мора да останете в кревет неколку дена. Оние кои страдаат од некои хронични здравствени проблеми, како што се дијабетес или астма, треба внимателно да ја следат состојбата и да не ги занемаруваат лековите. Постои голема можност од неочекувана повреда или паѓање од височина, или добивање изгореници додека готвите. Затоа, бидете внимателни во врска при овие активности!

Совет на „Штипка“: Имате тенденција да мислите дека секој има добри намери. Бидете повнимателни!

Месечен хороскоп за Девица: Јули 2015

Љубов

Беќарите/момите нема да бидат премногу романтични и ќе го фокусираат вниманието на други поважни нешта. И оние во врска не ќе бидат премногу желни да излегуваат со партнерот често. Дури и брачните парови нема да се чувствуваат романтично наклонети. Околу средината на месецот, беќарите/момите може ќе развијат романтична склоност, но поради тоа што тоа ќе биде непредвидлива, ќе ги нарушат шансите за ковање љубовна врска. Ќе мора крајно да внимавате на тоа што говорите. Истото важи и за брачните двојки, бидејќи и тие треба да бидат многу внимателни во одржувањето на брачниот мир и хармонија.

Пари

Немате добри предуслови на финансиски фронт. Неочекувани и лични трошоци поврзани со болести на зависност може алармантно да се зголемат. Можеби ќе треба да позајмите пари краткорочно со цел да ги исплатите долговите. Но, осигурајте се дека не само што ќе ги вратите парите навреме, туку, што е уште поважно, дека ќе ги намалите непотребните трошоци. Ќе се чувствувате под притисок за лесна и брза заработувачка и затоа ќе започнете потрага по некоја хонорарна работа, но би било добро да држите добро растојание од шпекулативни активности. Покрај тоа, навикнете се да штедите пари сè повеќе, бидејќи не се предвидуваат големи добивки.

Здравје

На здравствен план ќе немате причина за вознемиреност. Сепак, ѕвездите укажуваат на тоа дека оние веќе заболени од дијабетес треба да бидат особено внимателни во однос на исхраната и да избегнуваат храна со висока содржина на шеќер. Средовечните треба да почнат да одат на редовни лекарски прегледи, со цел да откријат и отстранат секакви заболувања во самиот зародиш. Може ќе имате мали проблеми, како што се вообичаена кашлица и настинка. Ќе биде добро да преземете мерки на претпазливост против непредвидливи временски услови и инфекции. Вежбајте јога и правилно дишење за да останете во добра здравствена состојба и да го зајакнете имунолошкиот систем.

Совет на „Штипка“: Одморајте се повеќе и одвреме-навреме поминете одредено време сами!

 

Месечен хороскоп за Вага: Јули 2015

 

Љубов

Ѕвездите укажуваат дека беќарите/момите кои сакаат да флертуваат и да се дружат и излегуваат со спротивниот пол може ќе имаат среќа. Но, ако сакате оваа врска да ја трансформирате во нешто повеќе, не надевајте се премногу. Но, ако веќе сте во стабилна врска и сакате да рипнете ’в тавче’, планетите се на ваша страна. Во брачниот живот сè ќе биде како што треба. Веројатно ќе планирате посета на околните места за рекреација со пријателите околу средината на месецов. Тоа е важно, бидејќи доколку и двајцата одите на работа, ова може да биде само уште една шанса да поминете квалитетно време заедно.

Пари

Непредвидени домашните трошоци, најверојатно, ќе ги нарушат вашите планови за штедење. Треба да ги планирате финансиите на долгорочна основа, но осигурајте се дека ќе задржите доволно резерви за итни случаи. Некои од вас може ќе треба да позајмат пари од роднини, но бидете сигурни дека дека ќе ги вратите парите во првата можна прилика. Најверојатно ќе донесете мудра одлука кога станува збор за трошење пари, особено ако планирате да купите нешто скапо. Без разлика колку многу проблеми имате, тие се минливи и наскоро ќе поминат.

Здравје

Притисокот на работното место овој месец негативно ќе влијае врз вашето здравје и благосостојба. Може да настинете или да фатите кашлица, или и двете, па ќе треба итно лекување. Би било добро да не се грижите премногу за работата, бидејќи тоа може да доведе и до психосоматски проблеми. Треба да медитирате редовно за да го смирите умот, а на тој начин дури и вашата работна ефикасност ќе се подобри. Постојат шанси за неочекувани повреди па бидете внимателни при преземање на било каква физичка активност. Оние кои веќе страдаат од дијабетес треба да ја следат ситуацијата строго и да не ги занемарат лековите.

Совет на „Штипка“: Не заборавајте дека со цел да се развивате и да бидете среќни вам ви е потребна хармонија!

 

Месечен хороскоп за Шкорпија: Јули 2015

Љубов

Благодарение на планетите, ќе поминувате пријатно време со припадник на спротивниот пол овој месец. Но, брачните двојки ќе бидат многу замислени и загрижени, бидејќи ситните препирки стануваат секојдневни. Бидејќи нема да најдете задоволство во домот, може да дојдете во искушение да излегувате за да ги задоволите желбите, но бидете предупредени дека токму тоа може да му наштети на вашиот брак. За беќарите/момите шансите за воспоставување романтична врска со колешка/колега се доста големи. Постои очигледна можност оваа врска, со текот на времето, да прерасне во нешто поголемо.

Пари

Задоволителен месец на финансиски план. Планетите ве фаворизираат па затоа е добро дел од тешко заработените пари да ги вложите во нешто безбедно, наместо да ги потрошите на купување работи за да го усреќите семејството. Децата може ќе бараат некои непотребни нешта па ќе мора да ги разубедите, но тоа нема да биде лесно. Најверојатно ќе добиете добра компензација од раководството на компанијата за вашите искрени напори. Јупитер ќе ви помогне да ја оддржите, па дури и да ја подобрите, финансиската позиција.

Здравје

Може да се очекуваат мали непријатности. Нема ништо толку сериозно, но сезонските промени може да ве кутнат в кревет неколку дена со умерена треска. Не занемарувајте го ова лесно и одете на лекарски преглед веднаш. Подобро да се спречи отколку да се лечи, па следниот пат кога ќе има промена на времето, бидете подготвени. Особено треба да внимавате на вирусни инфекции. Покрај преземање соодветни мерки на претпазливост, треба да почнете сериозно да размислувате и за тоа како да го зајакнете имунитетот. Може или да земате некои тоници, или уште подобро, да почнете да вежбате јога и медитација – на редовна основа.

Совет на „Штипка“: Проучувајте област која ве интересира, усовршете се, посетувајте курс за обука!

Месечен хороскоп за Стрелец: Јули 2015

Љубов

Овој месец планетите не ги подджуваат беќарите/момите кои имаат желба за уживање со припадник на спротивниот пол. Оние веќе во романтична врска ќе бидат нерасположени поради некој неодамнешен немил настан и затоа нема да бидат расположени да уживаат со саканото лице. Треба да разберете дека споделувањето на проблемите може во голем степен да ја намали болката. Всушност, ќе бидете шокирани и ужаснати од недолично однесување на некој кој ви е близок. Не осудувајте, бидејќи тој можеби минува низ свои проблеми. И брачните двојки нема да бидат многу задоволни од брачнот другар.

Пари

Не постојат никакви позитивни влијанија кои работат за вас на финансиски план овој месец, па ако се обидувате да заработите нешто повеќе, ќе немате среќа. Напротив, негативните влијанија се чини дека во голема мера се против вас. Затоа водете сметка за сите финансиски трансакции. Останете подалеку од било какви кратки ’патеки’ за заработка. Ќе имате и неочекувани трошоци за лекување на долгогодишно здравствено прашање на еден постар член на семејството. Треба да сте посериозни во врска со справување со финансиските прашања, што значи дека ќе мора да станете поодговорни, да прекинете со непотребни трошоци, да го испланирате неделниот буџет и да се држите до истиот.

Здравје

Без поголеми здравствени проблеми месецов. Сепак, мали проблеми, како што се настинка или кашлица, ќе бараат брзо реагирање и треба да се третираат веднаш. Постарите членови не треба да ги занемаруваат лековите и треба да одат на долги прошетки во раните утрински часови. Средовечните и постарите склони на висок крвен притисок треба да избегнуваат стресни ситуации кои може да ја влошат состојбата. Доколку почнете со медитирање, тоа може да направи чуда за вас бидејќи ќе ви помогне да останете смирени, дури и под исклучително провокативни околности.

Совет на „Штипка“: Не трошете прекумерно и не заглавувајте со финансиите!

 

Месечен хороскоп за Јарец: Јули 2015

Љубов

Беќарите/момите ќе имаат желба да уживаат во физичката интимност со саканото лице. Сепак, нема да бидете во можност правилно да ги утврдите чувствата на тоа лице кон вас. Единственото нешто што треба да направите е да имате разговор срце-до-срце, наместо да имате недоразбирање поради јазикот на телото. Љубовниците премногу ќе се привлекуваат и може да планираат неколку датуми за излегување во текот на месецот. Односите ќе ви бидат глатки и мазни, но строго избегнувајте било каков вид на обврзување. Брачниот живот, од друга страна, најверојатно ќе биде во хаос. Ситните проблеми може да доведат до големи несогласувања, со кои ќе мора да се справите внимателно и претпазливо.

Пари

Планетите се на ваша страна. Ќе добиете некои добри вести на овој план. Поранешни инвестирања ќе носат големи заработки. Сепак, не ќе може да тргнете настрана колку што планирате, бидејќи децата ќе бараат многу. Најверојатно, ќе завршите така што ќе трошите многу за нив. Можни се и дополнителни непланирани трошоци поврзани со поширокото семејство.

Здравје 

Средовечните и постарите кои страдаат од срцеви проблеми и крвен притисок треба да водат голема грижа овој месец. Отидете на темелен лекарски преглед и држете ја состојбата под контрола. Не занемарувајте ги лековите и водете здрав начин на живеење. Проблемите со респираторниот систем треба веднаш да се третираат. Младите и другите ќе уживаат во добра општа здравствена состојба. Постои можност од случајни повреди, па затоа внимателно возете и внимавајте при качување/симнување од скали. Исто така, бидете внимателни и додека готвите.

Совет на „Штипка“: Вклучете се во тимски проект! Покажете благонаклоност кон оние околу вас!

 

Месечен хороскоп за Водолија: Јули 2015

Љубов

Сè на сè, месецов се чини дека не е многу поволен за беќарите/момите кои се во потрага по љубовна врска. Ќе треба да проверите дали засегнатото лице е на иста бранова должина со вашата. За оние во стабилна врска состојбата на статус кво ќе продолжи. За брачните двојки, сепак, работите ќе продолжат да бидат тешки. Во некои случаи работите може да се влошат, а врската ќе мора да се оддржува и третира со голема зрелост. Ќе сторите добро ако ги занемарите ситните проблеми и ако го ’разгалите’ нејзиното/неговото его за работите да се одвиваат глатко.

Пари

Ништо значајно не се очекува да се случи на финансиски план. Работите ќе се движат како и обично и приходите и расходите, повеќе или помалку, ќе бидат на исто ниво. И покрај тоа што ќе останете во удобна финансиска позиција, малку е веројатно дека ќе заштедите некој денар. Затоа, ако сакате да ја обезбедите својата финансиска иднина, треба да смислите некој начин за заработка повеќе пари. Ќе чувствувате наклонетост да започнете нов потфат, но овој месец не е толку успешен за отпочнување на такво нешто.

Здравје

Мали проблеми за оние кои страдаат од крвен притисок. Гастричен проблем може многу да ве мачи. Треба да запаметите дека лековите лечат физичка болест, ама треба да бидете без стрес и психички стабилни за да може лековите да дејстуваат позитивно за вас. Средовечните и постарите треба да внимаваат, како и обично. Особено оние со срцево заболување или проблеми поврзани со притисокот. Другите кои ужива во добра здравствена состојба треба да се грижат за исхраната и да вежбаат за да ја одржат кондицијата и општата здравствена состојба.

Совет на „Штипка“: Склопувајте нови пријателства, запознавајте нови луѓе, дружете се!

 

Месечен хороскоп за Риби: Јули 2015

Љубов

Ќе играте на емоционалната карта со голема вештина за успеете во вашите флертувачки проекти. Сепак, немојте да бидете премногу посесивни во врска со саканото лице со цел да изградите зрели и долготрајни односи. Исто така, избегнувајте да бидете премногу темпераментни и да избувнете, што, исто така, може да го загрози вашето усогласување. Во почетокот на месецот некои разлики во врска со утврдување на приоритетите со брачниот другар веројатно ќе го заострат односот. Но, подоцна ќе планирате патување за да уживате во заеднички поминатото време и повторно да ја разгорите искрата. Бидете цврсти, но љубезни кога ќе треба да им кажете на роднините да не бидат премногу наметливи.

Пари

Планетите ќе ви обезбедат некои неочекувани приходи овој месец. Генерално, ќе останете во добра финансиска состојба. Обидете се, сепак, да заштедите пари и да инвестирате мудро, така што во иднина ќе имате резерва на која ќе се потпрете во итни случаи. Покрај тоа, бидете внимателни во врска со позајмување пари на роднини или пријатели – во спротивно, може да не ги добиете назад. Во втората половина на јули трошоците може да се зголемуват бидејќи, најверојатно, ќе бидете домаќин на значаен друштвен или семеен настан.

Здравје

Работите ќе се одвиваат мазно за повеќето од вас овој месец. Сепак, оние кои страдаат од стар проблем, како висок или низок крвен притисок, шеќерна болест или артритис, треба да преземат дополнителна заштита. Исто така, внимавајте и на непредвидливи сезонски промени. Избегнувајте да јадете храна која е многу зачинета. Обезбедете здрава исхрана и доволно спиење. Планетите укажуваат дека веројатно ќе бидете под стрес неделва поради некоја личност или друг проблем, па обидете се да се опуштите колку што е можно повеќе.

Совет на „Штипка“: Рекламирате, промовирајте или лансирајте производ, бренд, идеја или креација!

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button