Ова се трите знаци за кои никогаш не треба да очекувате да го направат првиот чекор:
Рак
Раковите се најголемите плашливци во Зодијакот. На нив им нема конкуренција, иако понекогаш се обидуваат да глумат бестрашност. Освен од девојките, Раковите се плашат и од темницата, па често спијат со запалено светло во ноќта.
Риби
Морате да признаете дека малку ви олесни што се најдовте на второ место, ама од Раковите се разликувате за 0,5 поени. Искрени сте по природа, па дури и стравот знаете отворено да си го признаете. Попрво на девојката ќе ѝ кажете дека ви е срам, отколку да се впуштите во разговор за освојување.
Јарците кога нешто силно посакуваат, прават сѐ за да го остварат>>>
Вага
Не е дека сте бестрашни, ама овој заклучок дека никогаш не го правите првиот чекор може малку да ве навреди. Сакате да се извлекувате од конфликтните и комплицирани ситуации. Но, иако често „срцето ви се наоѓа во петици“, знаете добро да се камуфлирате.