Реклама
Хороскоп

Кој е патот за освојување на срцето на маж роден во хороскопскиот знак Бик?

Реклама

Машките бикови се приземни, сензуални и страсни.

maz bik

Тие страсти не се само сексуални, туку се однесуваат на сите работи околу него како што се храната, пијалаците или материјалните работи кои ги поседува. Тој сака да си дава себеси доволно време, за да ги направи сите работи како што треба. На работен план, па дури и во приватниот живот, тој сака да им даде вистинска вредност на парите. Дарежлив е, но го очекува тоа и од останатите. Тој има јака волја за остварување на своите цели и не сака никој да го премислува и спречува во тоа. Исто така, тој е и многу посесивен – „што е негово, негово е!“ Машките претставници на овој знак се длабоко емотивни луѓе, а таа емотивност ја пренесуваат преку нивната страст во сексот. Со него, ќе се чувствувате дека сте сакани, посакувани и сигурни.

Маркетинг

Свеќи, ружи и песна со посвета – ова се најдобрите љубовници и романтичари според хороскопот>>>

Во комбинација со вкусната храна, треба да знаете дека на овој маж му е многу важно чувството на безбедност. Ако сакате да го заведете, морате да запомните дека тој ќе се грижи за вас доколку и вие се грижите за него. Морате да го убедите дека може да ви верува, дека ќе бидете на договореното место, во договореното време и нема да си поиграте со неговите чувства. Кога нешто му го пласирате како вистина, немојте да си кажувате своја верзија на приказната туку вистинската. Не е потребно само да се претставувате како реалист, туку треба со него да се однесувате реалистично. Ако нешто може да биде направено, тогаш направете го. Доколку не можете – не правете го.

Маркетинг

Кога веќе зборуваме за реалноста, имајте на ум дека биковите можат да помирисаат лага на растојание од 1 км. Обрнете внимание на она што му се допаѓа и она што не му се допаѓа. Нежните допири во невините безгрижни мигови поминати заедно, ќе го привлечат неговото внимание. Исто така, немојте во ниеден случај да ја потценувате романтиката доколку сакате да бидете со овој човек. Организирајте романтичен состанок, облечете нешто секси кое ќе биде во неговата омилена боја и поканете го кај вас дома. Удобноста на вашиот дом ќе овозможи релаксирачка атмосфера во која вие двајца ќе можете мирно да си муабетите и обострано да уживате во вашето друштво. Ако вашиот дом не е опција, тогаш некој ресторан со добра храна и придушени светла, е дефинитивно одличен избор.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button