Марјана ни одржа лекција како да изгледаме елегантно, секси и гламурозно ова лето
Марјана Станојковска во бело од глава до пети
Белата е една од најдобрите бои што можете да ја изберете во пролетниот и летниот период. Ова особено се однесува за убавите сончеви денови кога сакате да носите облека во која ќе се чувствувате пријатно. Предноста на белата боја е и во тоа што со неа многу лесно можеме да изгледаме елегантно и гламурозно, а тоа можеме да го видиме и од убавата водителка која деновиве се прошета во одлично издание и ни покажа како да носиме оваа боја од глава до пети.
https://www.instagram.com/p/BiNGkX8g7Qz/?taken-by=marjanamay
Имено, Станојковска на социјалните мрежи објави фотографија на која позира во летни бели панталони кои ги носеше со блејзер и маица во бела боја, а целото издание го зачини со впечатлива огрлица и тренди очила за сонце.