Реклама
Коса

Професионални производи за целосна нега на фарбана коса

Реклама

Фарбаната коса бара посебно внимание и нега за да изгледа убаво и здраво, да го има саканиот сјај и да се задржи бојата што е можно подолго, посебно земајќи во предвид дека честото бојадисување на косата може да доведе до појава на сува и оштетена коса. 

Убавата негувана коса е еден од главните женски атрибути кој секогаш привлекува внимание, а за да имаме ваква коса неопходно потребно е нејзино правилно миење, негување и одржување. Основната намена на производите за нега на коса од новата линија на Lorvenn е да го храни коренот на косата, да го обнови и зајакне, земајќи ги во предвид негативните влијанија на низа фактори како фарбите за коса, хидрогенот, топлината од фен или преси за коса, чад од цигари, стрес, ултравиолетови зраци и т.н.

Маркетинг

CHROMACARE SYSTEM

Маркетинг

Основната цел на новата филозофија на професионалните производи од LORVENN PARIS (шампони, регенератори и маски за коса) е да ја хранат, негуваат и да и дадат цврстина и сјај на фарбаната коса. Секоја коса која е хемиски третирана е кршлива, сува, без сјај и слаба и има потреба од дополнително третирање со специјални производи. Професионални производи на LORVENN PARIS со ефикасната нова филозофија „Chromacare System“ се тестирани од професионални стилисти за коса. Производите се со специјално избрани состојки со чија помош ќе имате убава и здрава коса, а нивните основни карактеристики се современата технологија, врвниот квалитет и ефикасност.

Новата иновативна формула е специјално дизајнирана да ги задоволи потребите на секој тип на коса. Производите се тестирани во живо, НЕ содржат парабени и се дерматолошки тестирани од независна лабораторија.

Производите вклучуваат три основни категории:

1. ТЕРАПИЈА

SILK Repair

Оваа линија првенствено е наменета за потхранување, обновување и сјај на вашата фарбана коса. Производите содржат природни свилени протеини и Б5 провитамини и се наменети за сува, хемиски третирана коса.

KERATIN Vitality

Оваа линија првенствено има за цел и даде цврстина на косата и да ја заштити од опаѓање. Содржи напреден систем со активен кератин и активен био комплекс, а наменета е за тенка коса, безживотна боја и хемиски третирана коса.

2. ЗАШТИТА НА БОЈАТА 

PHYTO Glam

Oваа линија има за цел да ја заштити бојата на вашата коса и да и даде природен сјај. Формулата преставува иновација со црвени фитопигменти (црвени екстракти во боја) и првенствено е наменета за кафена, црвена и бакарна фарбана коса.

SILVER Pure

Оваа линија првенствено е наменета за неутрализирање на жолтите тонови и за враќање на сјајот на вашата коса. Во составот вклучува екстракт од боровинка и протеини, а наменета е за сива, руса и шатирана фарбана коса.

3. СТИЛИЗИРАЊЕ

VOLUME Tonic

Оваа линија има за цел да и даде густина и волумен на вашата коса. Станува збор за нова технологија за зголемување на волуменот со специјални протеини и пептиди, наменета за тенка и фарбана коса.

FRIZZ Free

Оваа линија има за цел да обезбеди подобра контрола на локните и флексибилност на нескротливата, виткана коса. Производите содржат активен хидратантен комплекс, провитамин Б5 и морски алги и со нив можете да добиете совршени локни. Наменети се за нескротлива и виткана фарбана коса.

Пакување:

Пакувањето е едноставно со чисти едноставни линии на пластичното заоблено шише со капаче кое многу лесно се отвора и затвора. Шампоните со во сива и светли сини нијанси, додека регенераторите и маските во бела боја. 

Секоја линија има посебна боја за полесно да се разликува.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button