Реклама
Хороскоп

Љубов според хороскоп. Овенот си оди штом ќе ја снема страста, Лавовите се многу внимателни…

Реклама

Воздушните знаци се по природа нестабилни во однос на другите, а водените знаци се најпосветени. Верноста е карактеристична за земните знаци, а страствената љубов за огнените.

ljubhoro

Маркетинг

Овенот си оди штом ја снема страста

Припадниците на овој знак обично се вљубуваат бргу, интензивно и со цело срце. Врската со нив е динамична и полна со страст, а нивните чувства се длабоки. Во љубовта се честопати непромислени, кавгите со нив се чести, па магичниот круг нана кавги и помирувања може да се протегне доста долго, или додека страста не исчезне. А кога ќе се случи тоа, си одат од врската и бараат некого со кој ќе го остварат загубеното и кој што им претставува предизвик.

Бикот не сака да остава

Маркетинг

За припадниците на овој знак слободно може да се каже дека се олицетворение на преданоста и верноста. Нема да се поврзат со секого, но оној кого што ќе го пуштат во близина, имаат намера да го чуваат цел живот. Сепак, важен сегмент во љубовта им е сексот, па доколку тој не функционира, можно е да дојде до прељуба.

Близнакот на остава, но дава причина на другиот да го стори тоа

Припадниците на овој знак се во суштина верни и не сакаат да оставаат, но може да го тестираат партнерот до крајни граници на љубомора. Понекогаш ќе ги измачуваат со флертување со други и токму на тој начин ќе му дадат причина на партнерот да ги остави. За да ги задржите треба да им наоѓате предмет на постојан интерес.

ljubhoro1

Ракот е најсреќен ако се врзе со еден партнер до крајот на животот

Припадниците на овој знак не сакаат сомнежи, несигурност и неизвесност во љубовта. Склони се кон долги врски, а неретко се врзуваат и со првата вистинска љубов. Сепак, може да бидат поприлично напорни во барањата, љубоморни и несигурни, на тој начин бркајќи го партнерот од самите себе.

 Врските на Лавот обично траат година до две

Лавовите се многу внимателни кога влегуваат во врска и не се вљубуваат веднаш. Сепак, откако ќе станат сигурни дека го освоиле својот објект на сладостраност, во односот се доста страствени и комплетно се оддаваат. Во природата на карактерот им е сé да им станува досадно за бргу време, па нивните врски обично траат година до две. Лавовите се сериозни моногамисти и може да бидат задржани само од некого кому во целост му веруваат.

Девицата ја цени сигурноста во другите врски

Припадниците на овој прагматичен и тврдоглав знак во љубовните односи најмногу уживаат во фазата на додворување и освојување. Имаат способност да бидат верни, а ретко се впуштат во прељуби, затоа што не се знак фокусиран на секс. Ќе се смират во однос кој што им нуди емотивна и материјална сигурност, како и почит.

Кај Вагите долгите врски се втемелени на пријателство

Еден од најпожртвуваните знаци во однос на љубовта се вагите, а нивните долги врски најчесто се темелат на пријателство. Сепак и во таквите односи имаат добри и лоши фази, кои понекогаш може да ја загрозат самата врска. Ќе се смират доколку партнерот во целост ги задоволува во сексот, но и ако ги поддржува на друштвено поле.

Скорпиите се едни од најверните знаци

ljubhoro3

Иако припадниците на овој знак ги движи еротската и сексуална енергија, тие се едни од најверните знаци. Бидејќи се многу харизматични и привлечни, нивните партнери ќе се соочат со многу предизвици. Како и љубомора. Поради неа, ќе завршат многу врски на Скорпијата затоа што не ја поднесуваат таа особина. Тие би завршиле со партнер кој е сигурен во себе и кому може да му ја поклонат својата доверба.

Стрелецот долго размислува пред да се ’врзе‘

Стрелците ги карактеризира нерешителност по емотивните прашања, па честопати и самите не се сигурни во својот љубовен избор. Тешко се врзуваат и имаат непостојани љубовни желби, а може да се смират со партнер кој пред се им е пријател и им ја дава саканата слобода. Склони се кон неверства, но умеат добро да ги прикриваат.

Јарецот очекува апсолутна верност

Припадниците на овој знак се многу традиционални и тешко се врзуваат за некого, но доколку тоа го сторат, мислат дека тоа може да трае за цел живот. Од својот партнер очекуваат комплетна верност, а прељубата ќе ја доживеат како предавство и веднаш ќе ве отпишат. Добар секс и деца се ’лепилото‘ кое ги држи Јарците во врска.

ljubhoro2

На Водолијата ú е потребен постојан предизвик

Водолиите се по природа доста немирни, па тешко остануваат со луѓе кои не се им доволно интересни или на кои на било кој начин не претставуваат предизвик. Различноста за нив е омилен начин на живеење, па обично имаат доста партнери во животот. Сепак, може да се оддадат и се заљубат, но сето тоа паѓа во вода доколку треба премногу да се прилагодуваат. Потребен им е партнер со кого никогаш нема да им биде досадно!

Рибите се најверни

За овој хороскопски знак може да се каже дека е инкарнација на верност и кога би можеле цел живот би го поминале со еден партнер. Во љубовта се упорни, романтични и склони кон сонување со отворени очи. Ќе се откажат од врската доколку насобраните фрустрации не можат повеќе да ги држат во себе.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button