Како за вашиот хороскопски знак или за знакот на вашиот партнер изгледа идеален викенд?
На Рибите само ветете им дека ќе бидат во близина на вода и сте ги „купиле“. Тие ги обожуваат сите видови на активности поврзани со езеро и море, а кога зборуваме за солена вода, нуркањето им е најомилен хоби, или пак за тоа мечтаат. Ако не може покрај вода, ќе уживаат и во кино вечери во двојка гледајќи филмови со морска тематика и убаво јадење.
За Овните тоа е викенд украден од сценариото на Џемс Бонд, мото трка, скокање со падобран или возење со скутер по море. Не е важно што, важно е да има акција и да не е досадно ниту еден миг и се разбира нашиот Овен да е главен протагонист.
Бикот сака мирен викенд, со сликање покрај езеро, романтични вечери, а сето тоа проследено со обилни ручеци, вечери и виолина на уво. Тие со подлабок џеб ќе се почестат со луксузни патувања, крстосување all inclusive им звучи преубаво.
Ѕвездите имаат посебен план за овие два хороскопски знаци за август>>>
За Ракот нема вистинско уживање без собирање на семејството и пријателите, барем на неделен ручек, ако не и во посета на родното место за да се релаксираат со пеењето на птиците, мирисот на природата и домашната храна. А, ако пропадне се, ќе ги повикаат пријателите на скара или само на дружење на тераса со освежителен пијалак и тивка музика.
Девицата посакува некаков wellness викенд на кој конечно ќе се одмори од напорната недела. Под вештите раце на масерот во миризливи купки и со лековита кал ќе заборави на сите грижи и ќе го одмори духот и телото.
Вагата признава само шопинг, по можност во странство и тоа во поголемите европски метрополи. Може и по некоја модна ревија, jet set after party на некоја јахта, се зачинето со вкусни деликатеси и квалитетен алкохол. Така ќе биде исполнета и со задоволно срце ќе се врати дома.
Премини на следната страна >>