Во мода се кожени јакни во сите нијанси на зелено
Според познатите ИТ девојки Каролин Даор и Мери Ортон оваа пролет меѓу најпопуларните јакни ќе бидат зелените кожени модели. На нивните Инстаграм профили како и на профилите на многу други ИТ девојки веќе можевме да видиме како трендсетерките го „фураат“ овој популарен тренд, а дел од нивните фотографии можете да видите и во продолжение. Од класичните модели изведени во зелена боја, па се до оние од превртена кожа и лакираните кожени јакни од кои трендсетерките не се одвојуваат, во пролетната понуда на познатите брендови изборот навистина е голем. Можете да ги носите со класични фармерки, предимензионирани пуловери, кратки здолништа или со раскошни цветни фустани кои одвај чекаме да ги извадиме од плакарите. Во продолжение погледнете како овие трендсетерки ги носат своите зелени кожени јакни и инспирирајте се за некоја ваша следна пролетна комбинација.
https://www.instagram.com/p/BdbwsKzDP60/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BfWbbhdBxpb/?utm_source=ig_embed