Време е за море!
ОК, можеби не ви буквална смисла на зборот, но за мноооогу кратко време ќе дојде периодот од годината кога единственото нешто што би сакале да го правиме е да лежиме на некоја плажа и да се сончаме. Покрај море, езеро или базен, во непосредна близина на два-тројца згодни фраери, во нашите нови костими за капење. А кога сме веќе кај нив (мислиме на нашите нови костими за капење, секако!), овој пат имаме само три предлози за вас – костими за капење во nude нијанси, потоа едноделни модели кои се длабоко засечени во долниот дел и дводелни модели со високо врзување околу вратот.
Значи, во сферата на боите најпопуларни ќе бидат nude нијансите, а потоа розовите пастелни нијанси и сите 50 нијанси на кафеавата боја. Од кроевите повторно во фокусот се едноделните модели кои овој пат се длабоко засечени во долниот дел (сетете се само на Памела Андерсон во црвениот костим за капење), потоа дводелните модели, но со високо врзување околу вратот и со затворено или полузатворено деколте.
Па, отворете ја галеријата што следува и погледнете како изгледаат костимите за капење кои ќе бидат хит на плажите ова лето.
види повеќе » |