Ретро костимите се враќаат на голема врата и ова лето овие шик моделите ги носат имињата на најпознатите ИТ девојки како „Мира“ и „Попи“.
Станува збор за стејтмент костими за капење со потписот на стилистката Лиса Марија Фернандез која за оваа сезона ги претстави своите впечатливи модели кои преку ноќ ги освоија познатите трендсетерки. Еден од најубавите модели (Poppy) е крстен по познатата британска трендсетерка Попи Делевињ и ова лето ќе ги воодушеви љубителките на карираните дезени. Покрај овој модел вистински хит е и моделот Мира кој го доби своето име по Мирослава Дума, како и моделот „Dree Louise“ кој е направен од сјаен материјал и кој можете да ги носите како боди за долгите летни прошетки. Нејзината пријателка Лендра Медине пак, се појавува во lookbook-от и исто така има модел кој го носи нејзиното име.
Оваа година овој модел е во бебешка сина боја и со каро дезен. Инаку, костимите за капење со потписот на Лиса Марија Фернандез можете да ги пронајдете во сите поголеми интернет продавници за дизајнерска облека.