Реклама
Celebrity

Готвачот и ја отсече главата на една кобра, а тогаш следуваше смртоносен шок! (видео)

Реклама

Познатиот кинески готвач Пенг Фан почина додека подготвуваше месо од кобра и тоа затоа што го гризна главата од кобрата која што ја пресече претходно.

Како што пренесуваат кинеските медиуми, Фан подготовката на специјалитетот ја започнал вообичаено со отсeкување на главата на кобрата! Но, кога по 20 минути тој решил да ја фрли во кантата за ѓубвре, таа го гризнала и го испуштила отровот во него. Според полицијата Пенг починал пред да стигне до болницата, каде најверојатно ќе успееле да го спасат со вбризгување на противотров.

Маркетинг

Според Јанг Хонг Чанг човек кој преку 40 години ги проучува змиите, сите рептили можат да функционираат дури и по еден час откако ќе изгубат некој дел од телото,  па дури и целото тело како што беше случајот со кобрата.

„Секако дека е можно главата се уште да функционира и да го гризне готвачот за рака. Иако змијата е мртва, нејзините рефлекси се уште работат. Тоа значи дека змиите можат да го вбризгаат својот отров дури и откако ќе им биде пресечена главата како што се случи и со познатиот готвач“, вели Хонг чанг.

Маркетинг

„Се работи за многу невообичаена случка. Станува збор за несреќен случај и нема што да се додава“, изјави портпаролот на полицијата, а пренесе српскот Блиц. Инаку, отровот што го испуштаат змиите предизвикуваат парализа и гушење, а доклку влезат во очите, предизвикуваат слепило.

{youtube}4–p_3N5GPg{/youtube}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button