Кендал секогаш изгледа како да е на модна писта
Познатата 21 годишна манекенка сончевиот ден го помина на ручек во Лос Анџелес заедно со нејзината мајка Крис Џенер и полусестра Кортни Кардашијан. Таа убавиот ден одлучи да го помине во сончева комбинација со која дополнително ги привлекуваше погледите.
Станува збор за потполно жолта комбинација со панталони со висок струк кои на горниот дел имаат карнери и свилен топ со бела тантела. Покрај жолтите сандали и жолтата плико чанта Кендал носеше и џиновски алки кои ќе бидат апсолутен хит оваа пролет (види тука).
Фустан што им стои добро само на жени со совршено тело >>
Инаку, овие тренди панталони се од последната колекција на брендот Kendall + Kylie кој што таа го има заедно со нејзината подеднакво популарна сестра. The Paperbag Sweatpants панталоните чинат 295 долари но се распродадени што воопшто не нé ни чуди бидејќи сестрите во последните години се наметнаа како главни меѓу девојките што ги диктираат трендовите.
Заборавете на чокери, ова ќе биде најпопуларното парче накит за следната сезона >>
Па, како ви се допаѓа оваа комбинација?
Познатата манекенка го подели интернетот со оваа необична комбинација >>