Брендот Зара е познат и по тоа што многу често со своите парчиња и модни додатоци ги освојува жените ширум светот и тоа со рекордна брзина.
Но, навистина ретко се случува некое парче да стане толку популарно што од фотографиите со девојки кои се сликаат во него можат комотно да се пополни еден Инстаграм профил. Токму такво популарно парче е капутот од Зара кој е со дезен во бела и сина боја, а кој може да се најде по цена од околу 4500 денари. Капутот ја воодушеви блогерката Алиса Франчез која толку многу често го гледала на социјалните мрежи што на крајот одлучила и да отвори еден акаунт на Инстаграм кој ќе му го посвети само нему. Профилот е под името @thatcoat каде ја објавува секоја фотографија на која е споменатиот капут.
Премини на следната страна >>