Капути и бунди со оваа шара повторно се во мода
Кендал Џенер
Без разлика дали ќе ги носите со кратки маици, скинати фармерки и тренди чизмички или како вистинска дива во фустани и тренди здолништа, со овие парчиња едноставно не можете да погрешите. Тие се маст-хев парче во плакарите на познатите трендсетерки и ИТ девојки, а како тие ги носат, погледнете во продолжение…
Дени Ловато
Дени Ловато се облече од глава до пети во овој животински дезен. Таа носеше кожена јакна и кратко здолниште од Isabel Marant со тренди леопард дезен во комбинација со црни шпиц салонки и црна плико чанта. Од друга страна пак, Тејлор Свифт се прошета во нејзиниот капут со леопард дезен кој го носеше со блуза од Dolce & Gabbana и црно здолниште со молив крој, додека целата комбинација ја заокружи со тренди сандали на платформа.
Тејлор Свифт
Погледнете како овој тренд го носат и другите девојки, а потоа погледнете ги и најдобрите капути и јакни со оваа шара кои можат да се најдат и во продавниците во Македонија.
Џиџи Хадид
Хилари Даф
Џеми Чунг
види повеќе » |