Откријте што вели вашата омилена боја за тоа какви сте в кревет
Бела боја
Љубителите на оваа боја често сексот го сметаат за ‘табу’ и нешто за што не смее да се говори јавно. Тие водат љубов во темница, немаат многу самодоверба и, генерално, се доста крути и традиционални. Жените кои ја сакаат оваа боја најмногу би сакале да водат љубов облечени, додека машките нема ниту да помислат на секс ако пред тоа не се истушираат.
Жолта боја
Ако вие или вашиот партнер сте љубител на жолтата боја, тоа значи дека вашето либидо е многу сложено, па лесно се прилагодува на состојбата и моменталните чувства. Иако се страсни, најчесто се во улога на оние кои му угодуваат на партнерот и дејствуваат повеќе како пасивна страна. Имаат голем сексуален потенцијал, но ретко доволно го ослободуваат за да го покажат на другата страна.
Црвена боја
Луѓето кои ја сакаат црвената боја како по правило се многу страствени в кревет. Многу лесно се возбудуваат и во сексот сакаат да уживаат на сите можни начини. Тоа вклучува многу експериментирање, како и недостаток на табуа. Ако се возбудат, потребни се часови да се ‘оладат’. Доколку во една врска се најдат двајца љубители на црвената, ќе дојде до огномет којшто би ги посрамил дури и најголемите љубители на еротиката. Овој тип често иницира секс и обично ја претставува доминантна страна во односот.