Овие чизми се хит веќе неколку сезони
Но, за разлика од претходната зимска сезона кога носевме модели во неутрални бои, овој пат меѓу најбарани се моделите во впечатливи нијанси, а меѓу нив најпопуларни се црвените и розовите модели (иако и сите останати бои се уште се во мода). Можете да ги носите со тесни фармерки или кратки здолништа, а добро ќе изгледате и во комбинација со оние со средна должина. Ако сакате да постигнете потполно атрактивен моден изглед тогаш комбинирајте со оверсајз пуловер кој ќе го носите како фустан или тренди сако со кое ќе ги покриете задникот и колковите.
MAKE A STATEMENT
На следните фотографии погледнете како Македонките носат високи чизми оваа есен. Фотографиите се објавени во склоп на кампањата MAKE A STATEMENT која деновиве се одвива на социјалните мрежи во нашата земја. Кампањата завршува на 10 ноември, а најдобрите комбинации ќе бидат наградени со супер награди (ваучер за шопинг од 150 евра во Зара и 10 сетови C-THRU Glamorous). Ако сакате да учествувате се што треба да направите е да изберете ваша фотографија (нова или стара) на која носите гламурозен стајлинг и да ја закачите на Инстаграм со хаштагот #CTHRUMakeAStatementMKD. На овој начин ќе им пружите поддршка и на другите дами да се осмелат и да го направат овој чекор, а како награда за вашиот труд можеби токму вие ќе бидете една од среќните избранички и ќе освоите награда.
https://www.instagram.com/p/Bayi5x2HZ2B/
https://www.instagram.com/p/Bag1SZDH2ip/
https://www.instagram.com/p/BZ-4VF9Aiw5/
https://www.instagram.com/p/BaQ3XVPFAIq/
Повеќе за наградите прочитајте тука >>
Повеќе фотографии од нашите девојки погледнете на следната страна >>