Црвената боја владее со нашите улици, а ние издвоивме неколку комбинации на нашите девојки зачинети со парчиња во бојата на страста.
„Кога не знаете што да носите, носете црвено“, гласи легендарниот моден совет на американскиот дизајнер Бил Блас кој деновиве се цитира на сите страни. И тоа е потполно разбирливо бидејќи оваа боја која важи за моден класик и за која модните гуруа велат дека им стои убаво на сите е апсолутен хит. За тоа ни зборуваат модните едиторијали и кампањи на најпознатите брендови, но и фотографиите што ги објавуваат девојките од Македонија на Инстаграм. Имено тоа дека нашите девојки оваа есен ја обожаваат бојата на страста и дека фантастично ја комбинираат со широката палета на бои и модели можевме да го видиме и од кампањата што периодов се одвива на социјалните мрежи во нашата земја. Станува збор за кампањата MAKE A STATEMENT на брендот C-THRU во која можете и вие да учествувате и да освоите една од нивните супер награди (ваучер за шопинг во Зара во вредност од 150 евра и еден од десетте сетови C-THRU Glamorous со тоалетна вода и парфем. ). Се што треба да направите е да објавите ваша глам фотографија и да ја закачите со хаштагот #CTHRUMakeAStatementMKD на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/BbIBa-khpYe/
Од фотографиите што досега ги објавија девојките со хаштагот #CTHRUMakeAStatementMKD можеме да видиме дека најголем хит се кратките и долги црвени фустани за кои нема да погрешиме ако кажеме дека совршено им стојат на сите. Добро проаѓаат и модните додатоци, а меѓу најпопуларни секако се високите потпетици во сите црвени нијанси.
https://www.instagram.com/p/BYyX7AGAglE/
Но бидејќи фотографиите зборуваат многу повеќе од зборовите, погледнете како оваа боја се носи деновиве низ улиците во Македонија!
https://www.instagram.com/p/BaePvFOn5fn/
https://www.instagram.com/p/BalXOXelE15/
https://www.instagram.com/p/BajHbFDljzE/
https://www.instagram.com/p/BaeZaRygAYn/
Повеќе фотографии погледнете на следната страна >>