Реклама
Интервју

Како излезена од „ВОГ“ – Не сте ја виделе нашата пејачка во вакво издание (ВИДЕО)

Пејачката недомана ја објави својата најнова песна насловена „Лажни светови“.

Реклама

Нашата пејачка Бојана Скендеровски е вистинска дама, тоа го потврдува со секое нејзино појавување во јавноста, како и во нејзините видеозаписи.

Пејачката недомана ја објави својата најнова песна насловена „Лажни светови“.  Во видеозаписот од  најновата песна таа се надмина себеси со изгледот.

Маркетинг

Бојана за потребите на спотот менува три целосни аутфити. И во сите три модни изгледи таа претставува гламур.

Во првиот е во калсична црно бела комбинација со отмени плишани црни ракавици со циркони. Креацијата е фантастичен крој од црно тесно долго здолниште кое ги следи облините на згодната пејачка.  Навидум едноставна креција, но кога пејачката се сврте видовме раскош на грбот. Ѓердан од бисери нанижани на задниот дел од фустанот.

Маркетинг

Следната комбинација е повторно долг фустан во вино боја. Овде акцентот е ставен на горниот дел, поточно на главата. Фустанот има продолжеток кој на еден мистичен  начин претставува елеганција.

Последната креација е фустан од црвена тантела. Полн погодок кој одлично и прилега на убавата Бојана. Надополнет со црна свилена машна и обетки, овој аутфит е истовремено и секси и дамски.

Ја исконтактиравме Бојана Скендеровски и еве што изјави за  читателите на Гламур:

Песната се вика “Лажни светови” Музика и текст мојот пред се другар и колега Александар Тарабунов Аранжман уште еден колега Димитар Андоновски.

Спотот го реализираше Скендеровски продукција,моден дизајнер на сите аутфити е прекрасната македонска дизајнерка Ивана Кнез…

Промоцијата се случи на 04/03 во ресторанот Дион,имаше многу гости,медиуми,колеги од естрадата,пријатели… Продолжуваме и со концертите од проектот “Македонијо во срце те носиме” На 23/03 настапуваме на плоштадот во Св.Николе по повод големиот верски празник Тодорова сабота, вели Скендеровски.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button