Реклама
Фитнес

Како да согорите 400 калории и да го дефинирате целото тело за само половина час дневно

Реклама

Диетите нема да ни помогнат да добиеме совршено тело.

За тоа е потребна умерена и балансирана исхрана и вежбање кое ќе ни помогне да го стопиме вишокот масти, за што се препорачува кардио тренинг бидејќи совршено согорува калории и ги топи мастите. Каков кардио тренинг ќе изберете зависи од вас – трчање, возење велосипед, пливање, планинарељње, брзо одење или едноставно вежбање во удобноста на вашиот дом. Верувале или не, дури и дома, можете да добиете квалитет кардио тренинг – се што ви треба е малку простор каде што ќе можете да се испружите.

Маркетинг

Кој е најефикасниот метод за слабеење – кардио, интервален тренинг или диета? 

Во текот на тренингот важно е брзо и динамично да се менуваат вежбите за да се одржува пулсот на високо ниво. Целта е да дојдеме во т.н.р. кардио зона во која метаболизмот се забрзува над основните граници што придонесува за брзо согорување на калориите. Во пракса, кога ќе почнете брзо да дишете и да се потите, значи дека сте навлегле во кардио зоната.

Маркетинг

Значи, ако не сте задишани, ако немате висок пулс и не се потите се уште не сте ја достигнале зоната на согорување на мастите.

Неверојатен тренинг со кој ќе согорите 150 калории за само 8 минути >>

Денес ви претставуваме 30-минутен тренинг што убаво ќе ве испоти и измори, а за кој не морате да се облекувате и да одите никаде, туку можете едноставно да го изведете дома, во некоја ваша просторија. Овој тренинг е насочен на оптимално обликување на целото тело не изоставувајќи ниту една важна група мускули. Во зависност од интензитетот на вежбањето за само половина час можете да потрошите околу 400 калории (што е прилично многу, ако земеме во предвид дека на пример 1 чоколада од 100 грама содржи околу 500 калории). Според тоа, ако сте каснале нешто плус денес и сега се каете – не очајувајте, има начин како да се поништи вишокот калории. А половина час од вашето време навистина не е многу!

{youtube}oegRlg9V4q8{/youtube}

Блогилатес – најдобрите пилатес вежби за рамен стомак >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button