Реклама
Фитнес

Како да се ослободите од „перничињата“ на колковите

Реклама

Многу девојки се мачат со прекумерната тежина, посебно во случај кога масните наслаги ќе се наталожат на одредени делови од телото, најчесто стомакот или колковите.

Денес ќе се задржиме на перничињата на колковите, кои им создаваат нервоза и на мажите и на жените, и ќе ги разгледаме причините за нивното настанување, а потоа ќе ги разгледаме и начините на кои можеме да се ослободиме од нив.

Маркетинг

Неправилен распоред на оброците

Маркетинг

Една од главните причини за создавање на перничиња на колковите е неправилниот распоред на оброците со кој испраќате сигнали на организмот дека нема редовно да добива храна. Поради тоа вашиот организам почнува да функционира на друг начин, односно почнува со складирање на храна, така што во случај да не добие храна на време, ќе може нормално да функционира. Така настанува маѓепсан круг во кој вашиот организам почнува да ги складира резервите и кога не треба, што меѓу другото доведува и до создавање на перничиња на колковите.

Решение: Погрижете се оброците да ги распределите така што ќе имате минимум 3 оброци дневно, а најдобро 5 мали и правилно распоредени оброци во текот на денот. Почнувајќи со појадокот, кој никако не смеете да го прескокнете!

Мрсна храна и претерано внесување на јаглехидрати

Нашиот организам како погонско гориво во најголема мера користи маснотии и јаглехидрати. Перничињата кои се создаваат на колковите се масно ткиво кое се наталожило со текот на времето поради погрешна исхрана. Организмот го создава како „златна резерва“. Приоритетно погонско гориво на организмот се јаглехидратите, така што при претерано внесување на јаглехидрати, организмот не ги допира наталожените масти туку како погонско гориво ги користи внесените јаглехидрати.

Решение: Треба да го натерате организмот да ги користи мастите како погонско гориво за работа на организмот. Тоа може да се постигне така што ќе се намали внесот на јаглехидрати на најмала можна мера. Тогаш организмот нема да има друг избор туку ќе мора за погонско гориво да почне да ги користи наталожените масти, кои ги има во изобилство во перничињата на колковите. Со тек на времето ова ќе доведе до намалување и потполно исчезнување на перничињата.

Исто така, многу е важно во вашиот дневен распоред да внесете задолжителни физички активности, шетање од најмалку 30 минути, џогирање, пливање, возење велосипед и т.н. бидејќи физичките активности го забрзуваат метаболизмот и го согоруваат масното ткиво.

Значи, како прво и основно, со прости зборови, ако сакате да се ослободите од перничињата на колковите ќе морате да го исфрлите лебот од исхраната.

Повремено можете да се почестите со нешто од пекарата, но никако во вечерните часови. Исто така, одреден период ќе мора да се одречете и од останатите јаглехидртати како тестенини, компири и т.н. За шеќерот и благите работи воопшто да не станува збор. Сепак, за организмот правилно да функционира потребни му се јаглехидрати, кои можете да ги внесувате во сосема мали количини преку млеко, јогурт, павлака и сл. Немојте да очекувате дека перничињата ќе ги снема за недела или две, бидејќи било потребно подолго време за да се наталожат, па сега исто така ќе биде потребно подолго време за да исчезнат. Реално, ако се придржувате на планот, првите промени можете да ги забележите по две недели. Затоа немојте да го мерите обемот на колковите секој ден, бидејќи ќе паднете во депресија, туку почнете да ја следите состојбата по две недели, а потоа можете да се мерите еднаш неделно. Бидете упорни и посветени на целта и успешните резултати нема да изостанат!

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button