Реклама
Нега и здравје

Како да излечите настинка и грип брзо и ефикасно – 3 проверени рецепти

Реклама

Настинката и грипот се меѓу најчестите заболувања на дишните органи, кои се јавуваат прилично често, кај некои луѓе и по неколку пати годишно.

Ако се почувствувате како да ќе се разболите, не треба да чекате, туку веднаш треба да преземете соодветни мерки. Правилниот третман во раните фази на болеста ќе го спречи развојот на сериозни заболувања (како на пр. грип, бронхитис …) и воспалителни процеси во организмот.

Маркетинг

Во продолжение ви даваме три проверени народни рецепти кои ќе ви помогнат да се изборите со првичните симптоми на настинка и грип и ќе го спречат понатамошниот развој на болеста.

Рецепт 1 – Природна замена за „Фервекс“

Маркетинг

Овој пијалак е природна замена за популарниот Фервекс, а можете да го направите сами дома, без потреба да одите до аптека. Се користи веднаш по првите симптоми на настинка или грип.

Ставете 1,5 литар вода да зоврие, тргнете ја од огнот и оставете да се олади до собна температура. Потоа во водата додадете 1 супена лажица крупна (морска) сол, сок од 1 лимон и 1 грам аскорбинска киселина (витамин Ц во прав). 

По желба можете да додадете и лажичка мед. Измешајте убаво и испијте ја целата течност во рок од 1,5 час. По потреба, повторете ја постапката.

Рецепт 2 – Варено вино со бибер

Загрејте околу 100 ml црно вино, додадете 1/4 лажичка мелен бибер и 1 лажичка мед. Измешајте убаво и испијте топло пред спиење.

Рецепт 3 – Топло пиво со мед

Можеби овој пијалак нема најубав вкус, но е многу ефикасен во борбата со настинката! Ставете 0,5 l темно или светло пиво (по ваш избор) во соодветен сад и загрејте го да стане жешко. Тргнете од огнот и додадете 2 лажички мед и прстофат цимет и каранфилче и измешајте. Се пие во мали голтки, постепено, пред спиење. Овој пијалак ја омекнува и намалува кашлицата, има против воспалително дејство, го поттикнува потењето и на тој начин ја извлекува настинката од организмот. Потењето кое го предизвикува и вареното вино од вториот рецепт, како и пивото, е одамна познат и природен метод за лечење на првите симптоми на настинка и грип бидејќи ги поттикнува одбранбените механизми на организмот на борба со вирусите.

Со овие три природни рецепти можете да ги победите настинката и грипот буквално за еден ден!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button