Погледнете го овој видео туторијал со професионалната едукаторка на MAGNETIC Маришка Хам со кој ќе ви покаже како да ги користите гел лаковите.
Прво ноктите треба убаво да се истругаат со турпија, а потоа да се нанесе базата. Кога нанесувате на природни нокти, потребно е да нанесете две или три слоја. Секој слој треба да се суши по две минути. Потоа изберете ја бојата и нанесете врз основата и повторно оставете две минути да се суши, па повторете ја постапката. Погледнете во видеото како го прави тоа професионалната едукаторка на Magnetic, a потоа и прочитајте зошто гел лаковите на овој познат бренд се едни од најдобрите производи за професионален маникир.
{youtube}Uvnq8oT8Noo{/youtube}
ИНОВАЦИЈА, КВАЛИТЕТ И ОДЛИЧНА ВРЕДНОСТ ЗА ЦЕНАТА
‘
Гел-лакот Magnetic UV Gelpolish е одличен нов производ кој е совршен избор за сите козметички салони и специјализирани салони за маникир и педикир. Овој нов иновативен систем се заснова на комбинацијата од едноставното нанесување на лакот за нокти и квалитетот и трајноста на гелот. Новиот гел-лак на Magnetic ќе внесе нова димензија во вашата работа и ќе ви помогне да стекнете нови клиенти. Станува збор за жени кои сакаат совршени природни нокти, кои ги пробале сите опции и едноставно не сакаат вештачки нокти. Гел-лакот UV Gelpolish се нанесува брзо и има пристапна цена. Вашите клиенти ќе добијат совршено зајакнати нокти со прекрасна боја. Нанесувањето не може да биде полесно, нема капење, истекување, лизгање … Сите што знаат да лакираат нокти можат да го користат Magnetic UV Gelpolish.
Gelpolish база и завршен слој
Овој производ три-во-еден може да се користи како база за гел-лакот за нанесување на природни нокти, за зајакнување на природниот нокт со три слоја или како завршен слој за заштита и сјај на бојата на гел-лакот. Слојот Gelpolish база/завршен слој се суши за 2 минути и е достапен во шишенца од 15ml.
Gelpolish прајмер
Gelpolish прајмерот од MAGNETIC овозможува лепење врз површината како на природните така и на вештачките нокти. Овој безкиселинки прајмер треба да се нанесе во форма на тенок слој на целата површина на ноктите, при што не се суши целосно туку останува благо леплив. Единствената формула ги напополнува протеините на природните нокти и обезбедува најотпорно цврсто спојување.
Гел-лак
Гел-лакот Magnetic Gelpolish е достапен во широка низа на најпопуларни бои вклучувајќи ги и новите неонски нијанси, така што секоја клиентка може да си најде боја како според нејзиното расположение, така и според последните трендови. Гел-лакот е одличен избор за сите клиенти кои сакаат нокти со природен изглед или во една боја. Гел-лакот исто така нуди и можност за француски маникир на природен нокт.
7 причини зошто да го изберете гел-лакот Magnetic UV Gelpolish
{youtube}FnwKpLy4EUc{/youtube}
1. Гел-лакот Magnetic UV Gelpolish се суши за 30-60 секунди под ЛЕД ламба, но исто така и под стандардни УВ ламби, така што нема да мора да набавувате нова ламба. 2. Гел-лакот Magnetic UV Gelpolish ќе привлече нови клиентки кои никогаш не стапнале во салонот претходно – клиентки кои сакаат негувани и убави нокти, но не сакаат вештачки нокти. 3. Со гел лаковите на Magnetic UV Gelpolish, вашите клиентки не мора да чекаат, гел-лакот се суши многу брзо, така што ноктите можат да се користат веднаш. 4. Гел-лакот Magnetic UV Gelpolish не се собира кога ќе се нанесе и исуши. 5. Гел-лакот Magnetic UV Gelpolish може да стои на ноктите со недели и тоа со истиот сјај и без гребнатинки. 6. Гел-лакот Magnetic UV Gelpolish се нанесува многу лесно исто како лак за нокти. 7. Гел-лакот Magnetic UV Gelpolish се отстранува многу лесно – може да се иструга со турпија или да се разреди со ацетон.
Кликни тука и биди пријател со Magnetic на Фејсбук >>