Реклама
Нега и здравје

Како да изгледате 10 години помладо за само 10 минути

Реклама

Потребни се многу мали промени за да се чувствувате поубаво и подобро, а воедно така ќе изгледате и многу помладо.

Маркетинг

Користете подлога (база за шминка)

Жените често грешат така што нанесуваат големи количини декоративна козметика надевајќи се дека ќе изгледаат помладо. Всушност, тие на тој начин само изгледаат постаро, па затоа најважно е да се знае дека најдобро е – минимум шминка! Тоа значи, задолжителна подлога и лесно нанесување пудра во прав.

Нанесете коректор под очите

Маркетинг

Еден од причините зошто изгледате постаро е поради темните кругови кои со годините стануваат се повеќе истакнати. Коректор ќе помогне за да се сокријат подочниците и белезите, но внимавајте да не претерате со коректорот за да ја избегнете разликата во боја во подрачјето околу очите и остатокот од лицето.

Одберете облека во склад со телесната градба

Нема да ви се помлади само лицето, туку и облеката.  Многу жени поради годините престануваат да ја следат модата и носат облека во која изгледаат постаро.

Збогувајте се со влакненцата

Иако депилирањето не е најпријатното нешто во светот, чистото лице, без да се гледаат влакната делуваат неколку години помлади. Издепилирајте со восок, средете ги веѓите и затемнете ги одие чудни влакненца по образите, па лицето ќе ви изгледа многу помладолико и глатко.

Нова фризура

Пробајте нешто различно. Распрашајте се кај фризерот кои фризури ќе ве подмладат и која ќе стои добро на вашиот облик на лице.

Пробајте корсет

Корсетите се совршени за жени во постари години, но и за оние кои се помлади и кој  сакаат да се стегнат, и во нив да изгледаат помладо.

Маска за лице

Доколку сакате од лието да тргнете десет години, а немате желба да користете шминка, важно  е барем редовно д користите маска за лице. Пред да нанесете маска, секако направете пилинг како би ги отвориле порите и потоа да ги нахраните.

Светла нијанса на кармин

Темните усни само ќе допринесат да се истакнат проблематичните делови на лицето. Пастелни, мат и посветли нијанси се апсолутен must-have производ доколку сакате а изгледате неколку години помладо.

Смејте се

Последен но не и најважен на листата е насмевката. Насмеаното лице изгледа моментално помладо.
Извор: Нови магазин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button