За нив кружат гласини дека се недостапни, како ѕвезди, но кога ќе ги заведете, тие вам ќе ви симнуваат ѕвезди. Овен, Лав и Стрелец се огнени знаци, а еве како да допрете до нивните срца.
ОВЕН
Тие не сакаат игри, затоа бидете искрени и директни. Можеби ви се чини дека Овните лесно ќе го продибиете, бидејќи понекогаш изгледаат наивно. Не дозволувајте да ја изиграте нивната доверба. Доколку на овој огнен знак му е интересно во вашето друштво, веќе сте на половина пат до неговото срце. Може да бидат подготвени да започнат врска на долг рок. Посветеноста е нивна главна особина во врската, но тоа го очекуваат и од другата страна. Саканата личност Овните често ја идеализираат, но се бескрајно нежни и лојални.
Не му можете ништо: ова е најстудениот хороскопски знак во емоционална смисла >>
ЛАВ
Мислите дека на Лавот е доволно да му ставите јасно до знаење дека е крал и веднаш ќе биде ваш? Па, на добар пат сте. Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието, па затоа, флертуваат, но почитуваат моногамија. Кога ќе се вљубат, способни се да се посветат само на таа личност. За да му го привлечете внимание мора да бидете интересни и прифатени во друштвото. Лавовите сакаат да се трудат околу некоја личност доколку сметаат дека таа тоа го заслужува, но никогаш нема да дозволат да си ја прегазат гордоста.
СТРЕЛЕЦ
Доколку сакате да придобиете Стрелец, добро подгответе се. Тој е подготвен, доколку е потребно, да ја искриви вистината, а карактерот не му е силна страна. Често е фокусиран на повеќе личности и на повеќе паралелни врски. За да го заведете, вашиот изглед не е единственото нешто на што треба да играте. Неопходно е да го маѓепсате со необично однесување, шарм и со јасни ставови. Покажете му дека му се восхитувате, дека сте друштвени, единствени и интересни.
Мажите во овој хороскопски знак се најдобрите романтичари >>